More

    Над 338.000 лица принудени да ја напуштат Газа

    spot_img

    Канцеларијата на Обединетите нации за координација на хуманитарни прашања соопшти дека над 338.000 лица се принудени да ги напуштат своите домови во Појасот Газа, по ескалацијата на судирот меѓу Израел и Палестина.

    „Бројот на раселени лица во оваа густо населена област до синоќа се зголеми за уште 75.000 луѓе, достигнувајќи 338.934 лица“, се наведува во денешното соопштение на Канцеларијата на ОН.

    Израелската војска продолжува да го бомбардира Појасот Газа како одговор на координираните напади на исламистичката група Хамас. Израелските одбранбени сили (ИДФ) на каналот Телеграм објавија дека е во тек голем напад врз цели поврзани со Хамас во Појасот Газа, јави ДПА.

    – Копнената офанзива во Газа ќе почне кога тоа ќе биде соодветно и ќе ги исполни нашите цели. Ни претстои долг и многу, многу опасен пат – рече портпаролот на ИДФ, Јонатан Конрикус, во својот редовен дневен брифинг.

    Тој истакна дека цел на израелските напади се позициите на Хамас.

    – Целта на израелската војска е да стигне до мрежата од тунели и бункери на Хамас под густо населениот Појас Газа – рече Конрикус.

    Рано утринава, бројот на загинати во Газа се зголеми на 1.200, откако 51 лице загина во израелски напад пред зори, соопшти палестинското Министерство за здравство, пренесено од американските медиуми.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img