Аеродромот „Константин Велики“ во јануари годинава имал повеќе од 32.000 патници, што е зголемување за речиси 2,3 пати во однос на истиот месец од претходната година, покажуваат официјалните податоци на Јавното претпријатие „Аеродроми Србија“.Во јануари 2022 година, на аеродромот во Ниш биле забележани нешто повеќе од 14.000 патници.
Бројот на патници во јануари годинава го надмина јануарскиот број на патници во 2019 година, што беше рекорд досега (25.221).
Аеродромот во Ниш имал речиси 390.000 патници во 2022 година, а нешто повеќе од 146.000 во 2021 година.