Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров беше пренесен во болница по пристигнувањето во Бали, Индонезија, на самитот на Г-20, објави Асошиетед прес во понеделникот, извештај што Москва го отфрли како „лажна вест“, но гувернерот на Бали подоцна потврди дека Лавров е во болница.Лавров, пак, откако се прошири веста дека е примен во болница, се појави на видео наводно снимено во неговата хотелска соба. Портпаролката на Министерството Марија Захарова го објави видеото на Телеграм.
Москва категорично ја демантираше веста дека Лавров е во болница, а руски ТАСС пренесе дека самиот Лавров рекол дека тоа се „политички игри“.
Во видеото што го сподели портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, Лавров вели дека информациите дека е болен не се точни. „Јас и Сергеј гледаме вести од Индонезија и не им веруваме на очите: Излегува дека министерот е хоспитализиран. Ова се секако лажни вести од највисоко ниво“, рече Захарова.
Американската новинска агенција АП објави дека Лавров се лекува поради проблем со срцето, повикувајќи се на неколку извори.