На социјалните мрежи се појавија снимки кои го покажуваат падот на авионот „боинг 737“ кој превезувал 132 патници како паѓа во кинеските планини.
Како што се гледа на снимката, авионот на компанијата Чајна истерн ерлајнс како паѓа вертикално кон земјата, по што се запалил, во близина на градот Вуџоу во округот Тенг во јужната провинција Гунагси.
Според локалните медиуми, авионот полетал нешто по 13 часот по локално време (6 часот по средноевропско) од југозападниот град Кунминг. Летал кон јужниот град Кантон, оддалечен околу 1.300 километри. Леталото изгубило контакт над ридот Вуџу, во планинската област Гангси.
Сателитските снимки на НАСА покажуваат голем пожар во областа каде што се урна авионот.
Авионските несреќи се релативно ретки во Кина каде во последните децении е развиен авионскиот сообраќај и каде безбедносните мерки се многу строги. Последната голема несреќа се случи во август 2010 кога загинаа речиси 50 луѓе.