More

    На Северина нема да ѝ биде забранет влезот во Србија, вели Дачиќ

    spot_img

    Ивица Дачиќ, министерот за внатрешни работи на Србија, истакна дека на хрватската пејачка Северина не ѝ е забранет влез во Србија по инцидентот во неделата вечер кога таа со часови беше задржана на српско-хрватската граница.

    – Северина не беше ниту приведена, ниту уапсена, ниту ѝ беше одбиен влез во Србија, туку е задржана поради контрола – вели Дачиќ.

    Тој додава дека поради инцидентот ќе се укинат списоците со забрани за влез во Србија. Тој најави дека ќе побара „поништување на списоците, кога станува збор за вербални прекршоци“, пишуваат српските медиуми.

    – Србија е слободна земја и кај нас не постои вербален прекршок, а на списоците за прекршоци ќе останат луѓето кои вршат криминал, тероризам и криминал. Но, не дозволувајте другите да ни држат лекции, особено една Хрватска откако адвокатот во својот автомобил го слушаше (српскиот фолк пејач) Баја Мали Книнџа и беше осуден за тоа. И сега тиа нас ќе ни кажуваат дека некој е задржан на граница два-три часа. Ние често доаѓаме во ситуација да ни доаѓаат критики према нашата земја од соседите, што човек едноставно мора да каже „само немојте вие нам да ни држите лекции“. Мислам, еве, не знам, да воведеме музичка полиција?! – изјави Дачиќ во гостувањето на ТВ Пинк.

    Северина тврди дека била задржана цели 4 часа на границата, а за хрватски „Јутарни лист“ даде долга изјава во која рече дека полицајците ја испрашувале за сè, „од Олуја, Јасеновац, Сребреница, за литиумот, дури и за Туѓман“.

    По разговорите со надлежните органи, на Северина ѝ бил дозволен влез во Србија, но таа самоиницијативно се вратила во Хрватска. Како што пишува Јутарни, Северина била запрена на граница во 19 часот и 35 минути. Таа требало да настапи на приватна роденденска прослава во Србија во 23 часот.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img