More

    Кремљ ја обвини Франција за двојни стандарди

    spot_img

    Кремљ ја обвини Франција за двојни стандарди околу слободата на говорот откако го уапси рускиот милијардер Павел Дуров, основач на медиумската апликација Телеграм, пишува британски Телеграф.

    Француските офицери за борба против измами го уапсија Павел Дуров во саботата вечерта откако тој со својот приватен авион полета на парискиот аеродром Бурже од Азербејџан.

    Не е наведена официјална причина за неговото апсење иако француските медиуми објавија дека е поврзана со Телеграм, платформа која е нефилтрирана и е претежно на руски јазик, а служи за социјални пораки и како главен канал за вести и за видеа за војната во Украина.

    Иако Дуров беше принуден да избега од Русија пред 10 години, откако одби да им ги предаде податоците за проукраинските демонстранти на безбедносните служби на ФСБ, Кремљ сепак ја обвини Франција за двојни стандарди во однос на содржината на Телеграм и на слободата на говорот.

    – Дали мислите дека овој пат ќе се жалат до Париз и ќе бараат ослободување на Дуров или, пак, ќе си го голтнат јазикот? – изјави портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова.

    Француските телевизиски канали TF1 и BFM цитираа извори кои велат дека истрагата била фокусирана на „недостаток на модератори“ на Телеграм што дозволува „криминална активност“.

    Корпоративната веб-страница на Телеграм вели дека слободата на говорот е сржта на нејзината мисија и дека „играла истакната улога во продемократските движења ширум светот, вклучително и во Иран, Русија, Белорусија, Мјанмар и во Хонг Конг“.

    Не е јасно зошто Дуров беше во посета на Азербејџан. Владимир Путин, исто така, ја посети земјата на средба со Илхам Алиев, нејзиниот претседател, оваа недела. Дуров претходно негираше дека има какви било врски со Кремљ.

    Телеграм има околу една милијарда регистрирани корисници и е рангирана како една од најголемите платформи за социјални медиуми по Фејсбук, Јутјуб, Вотсап, Инстаграм, Тик-Ток и Ви-Чет. Таа е особено влијателна во делот од светот каде што се зборува руски.

    Пропагандистите на Кремљ и западните поборници за слобода на говор го критикуваа апсењето на сопственикот на Телеграм.

    – Трупите на руската армија активно го користат Телеграм во битките. Затоа, апсењето на Дуров веројатно е обид на француските и на специјалните служби на НАТО да воспостават контрола врз комуникацискиот и врз контролниот систем на руската армија во Североисточниот воен округ – рече поранешен пишувач на говори во Кремљ, Сергеј Марков.

    На Телеграм, заменик-шефот на Советот за безбедност на Русија, Дмитриј Медведев, рече дека Дуров сакал да биде „брилијантен човек на светот“, но дека „погрешно пресметал“ со тоа што ја напуштил Русија и му верувал на Западот.

    – За сите наши заеднички непријатели сега, тој е Русин и затоа е непредвидлив и опасен. Дуров конечно треба да сфати дека не може да се избере својата татковина – рече тој.

    Телеграм е познат по својата нефилтрирана содржина, вклучително и по графичките видеа од ракетни напади и вооружени борби од војната во Украина кои се забранети од главните медиуми како премногу агресивни.

    Платформата исто така е еден од единствените канали, достапни за Русите, за пристап до информации и вести релативно ослободени од силно цензурираните пропагандни преноси на некои медиуми контролирани од Кремљ.

    Аналитичарите го опишаа Телеграм како виртуелно пропагандно бојно поле меѓу Украина и Русија. Кремљ, Володимир Зеленски и разни други високи профили на Руси и на Украинци редовно емитуваат преку апликацијата.

    Според веб-страницата Баку пост (BakuPost), Дуров полета за Баку од Казахстан на 17 август, за да оствари средби со бизнисмени.

    Путин пристигна во Баку следниот ден во својата прва посета на Азербејџан од 2018 година, на средби со претседателот Илхам Алиев. Набљудувачите шпекулираа дека Путин можеби се сретнал и со Дуров.

    Сергеј Марков минатиот понеделник изјави дека Путин и Дуров можеби ќе имаат „случајна средба“. Каналот „Baza Telegram“, кој е поврзан со руските безбедносни сили, минатиот вторник напиша дека Путин одбил средба со Дуров.

    „Причината не е јасна“, напишал каналот.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img