Њујоршкиот судија Хуан Мерчан кој го води кривичното дело против Доналд Трамп околу исплати на Сторми Дениелс, поранешна актерка во филмови за возрасни, во судот во Менхетн го отфрли барањето на експретседателот Мерчан да се изземе и да истапи од учество во процесот.
Барањето на Трамп за изземање на Мерчан е заснована на тоа што неговата ќерка која е исто така судија, работи во политичка консaлтинг фирма со клиенти демократи па тоа, според експретседателот, создава конфликт на интереси.
Така, процесот синоќа продолжи со избор на порота од Њујорк која ќе го разгледува случајот на Трамп во кој тој е обвинет за фалсификување деловна документација со цел да се прикријат исплати извршени пред изборите во 2016 година во висина од 130.000 долари, а за неразгласување на наводна вонбрачна врска меѓу него и Дениелс.
Изборот на поротата може да трае неколку денови, и засега оди тешко – од 96 кандидати за поротници, половината беа отфрлени бидејќи се смета дека не можат да бидат фер и независни.
Судијата разреши десетици потенцијални поротници кои рекоа дека не можат непристрасно да одлучат дали поранешниот претседател на САД е виновен или невин.
На првиот ден од историското судење против поранешниот претседател, судијата Хуан Мерчан им порача на стотината потенцијални поротници дека мора да ги остават настрана сите предрасуди или лични ставови за обвинетиот или случајот, вклучително и „политичката ориентација“.
Најмалку 50 беа отпуштени откако рекоа дека не можат да бидат непристрасни во судењето на Трамп. Судењето го напуштија и оние кои рекоа дека не можат да ја извршуваат таа должност од други причини. Адвокатите на двете страни ќе се обидат да изберат дванаесет поротници и шест заменици во она што веројатно ќе биде единственото кривично дело со кое се соочува Трамп пред изборите на 5 ноември.
По изборот на поротници ќе следуваат воведни изјави и сведочења на сведоци. Дениелс и поранешниот адвокат на Трамп, Мајкл Коен, кои сведочеа за тоа дека тој вршел исплати на Дениелс, се исто така некои од сведоците во процесот.
Трамп изјави дека е невин и планира да сведочи во своја одбрана.
На рочиштето синоќа окружното обвинителство побараа од Мерчан да изрече казна за Трамп бидејќи овој ја нарушил наредбата да зборува за сведоците во овој случај, за самото обвинителство и вработените во него. За тоа ќе се решава на посебна седница идната недела. Со ова обвинителството бара начин да го развлечат судењето.
Тој е првиот поранешен претседател на САД кој е кривично гонет во граѓанска парница и во случај да биде прогласен за виновен може да добие затворска казна, сметаат познавачите.
Судскиот процес се очекува да трае месец и пол.
Трамп е претседателски кандидат од републиканците на изборите закажани за во ноември и поради судењето тој највеојатно ќе ја паузира својата кампања.
Според вториот обвинителен акт, бившата манекенка Карен Мекдугал откри дека имала повеќемесечна врска со Трамп и побарала објава за тоа. Шест месеци пред изборите, еден американски таблоид и исплатил 150.000 долари да молчи за наводите дека имала врска со Трамп. Оваа исплата не е дел од тужбите, но обвинителите сметаат дека со тоа ќе докажат таквите исплати се случувале редовно.
Од синоќешното рочиште победа за Трамп беше одлуката на судијата да не се пушта снимката на „Аксес Холивуд“ со назнака дека била непристрасна. Тој побара да не се изнесуваат повеќе други наводи за сексуални напади од страна на Трамп појавени по објавувањето на снимката во октомври 2016 година.
Експретседателот ги отфрла сите 34 точки покренати против него во њујоршкиот случај, вклучително и тоа дека му наредил на Коен да изврши исплати на Дениелс а потоа му платил како за адвокатски судски услуги.
Трамп се соочува со казна до 4 години затвор доколку биде прогласен за виновен, иако е можна и незатворска казна. Се очекува и Трамп да поднесе жалба на секоја пресуда.