More

    Падна првата пресуда за убиството на Халина Хачинс, што се случува со Алек Болдвин

    spot_img

    Хана Гутиерез-Рид, која беше задолжена за оружје за вестерн-филмот „Рѓа“, во понеделникот беше осудена на 18 месеци затвор за смртта на кинематографката Халина Хачинс од страна на актерот Алек Болдвин на сетот на филмот во 2021 година.

    Во март, Гутиерез-Рид (27) беше прогласена за виновна за ненамерно убиство поради погрешно ставање вистински куршум во револверот кој Болдвин го користел на филмски сет во Санта Фе, Ново Мексико.

    Гутиерез-Рид ја доби максималната можна казна.

    Пукањето го шокираше Холивуд и се верува дека е првпат во поновата историја член на филмска екипа или актерска екипа да биде убиен од „жив“ куршум.

    Судијката Мери Марлоу Сомер, која ја изрече казната во понеделникот пред судот во Ново Мексико, рече дека дејствијата на Гутиерез-Рид претставувале сериозно, тешко дело извршено на физички насилен начин.

    „Го претворивте безбедното во смртоносно оружје“, рекла судијката Сомер обраќајќи и се на Гутиерез-Рид.

    Судењето на Болдвин за убиство од небрежност е закажано за 10 јули.

    Убиството на Хачин ги поттикна американските филмски и телевизиски продукции да престанат да користат вистинско огнено оружје и муниција.

    Но, две ипол години подоцна, многумина ги користат повторно поради реалните ефекти што ги произведуваат, според експертите за оружје.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img