Вонсудскиот совет на Вишиот суд во Подгорица му го продолжи притворот на поранешниот директор на полициската управа на Црна Гора, Веселин Вељовиќ до нова судска одлука.
Специјалното обвинителство во вторникот официјално ги обвини Вељовиќ и уште 13 лица за организиран криминал.
Според обвинението, Вељовиќ станал член на организирана криминална група, која во 2018 година ја создал Александар Мркиќ, кој е во бегство.
По напуштањето на функцијата директор на Управата на полицијата, Вељовиќ беше советник на поранешниот црногорски претседател Мило Ѓукановиќ.