More

    На „Македонски Просветители“ денеска започнаа работни активности за засадување на новиот дрворед.

    spot_img
    Како дел од проектот за реконструкција на улицата „Македонски Просветители“ денеска започнаа работни активности за засадување на новиот дрворед. Согласно проектната документација, ќе бидат засадени вкупно 96 стебла од видот Malus.
    Претходно, на оваа улица се пристапи кон отстранување на стариот дрворед при што беа отстранети вкупно 76 стари стебла. Согласно Планот за ревегетација, како замена за отстранетите дрвја, Општина Охрид ќе засади вкупно 219 нови садници. Покрај предвидените 96 стебла на улица „Македонски Просветители“ во текот на наредниот период планирано е да бидат засадени уште 123 нови садници од автохтони видови на потегот покрај пешачката патека кон „Горица“.
    Активностите за засадување на новиот дрворед ги спроведува фирмата изведувач на проектот за реконструкција на улицата, во соработка и под надзор на стручни лица од ЈП „Охридски Комунелец“.
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img