На инсистирање на Унгарија, поглаварот на Руската православна црква, патријархот Кирил, е отстранет од листата од последната рунда санкции на ЕУ поради руската инвазија на Украина, изјавија за Асошиејтед прес дипломати од ЕУ.
Шестиот пакет санкции вклучува, меѓу другото, ембарго на најголемиот дел од увозот на руска нафта во ЕУ до крајот на годината.
Патријархот Кирил првично беше вклучен во списокот на лица кои ЕУ сакаше да ги санкционира, но предлогот требаше да биде едногласно одобрен.