На денешен ден, 18 јануари 1862 година, во Истанбул починал Константин Миладинов

Saso
By Saso 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
На денешен ден, 18 јануари 1862 година, во Истанбул починал Константин Миладинов. Константин извесно време престојувал во Русија, таму, своите песни ги пишувал на македонски јазик, на струшки дијалект. Се смета дека писмото што го добил од брат му Димитар, било директна инспирација да ја напише неговата најпозната песна „Т’га за југ“. Во него, Димитар му напишал: – Дојди си мили брате, поскоро, од ништо не бој се …остај сè …дојди си во татковината, да ги израдуваш моите деца, роднините и пријателите. Овдешната пролет, миризливите цвеќиња, зелената трева по нашите планиње — сето тоа е земен рај!
Со песната „Т’га за југ“ секоја година се отвораат „Струшките вечери на поезијата“. Ова подолу се завршните стихови од неговата безвременска „Т’га за југ“.
May be a doodle of text
Извор:  Ласко Џуровски -Фејсбук статус
Share This Article