На 95-годишна возраст почина Робер Бадинтер

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Адвокатот и политичар Робер Бадинтер, поранешниот министер за правда кој остана запаметен во Франција по укинувањето на смртната казна во 1981 година, а на територијата на поранешна Југославија како претседател на арбитражната комисија во рамките на Мировната конференција за Југославија во 1991 година, почина денеска на 95-годишна возраст.
Бадинтер беше правник, професор по право на Сорбона и претседател на Францускиот Уставен совет, а во времето на распадот на Југославија беше на чело на таканаречената Бадинтерова комисија, која во декември 1991 година изрази мислење дека СФРЈ беше во процес на распаѓање, врз основа на кој на 15 јануари 1992 година државите од Европската економска заедница (ЕЕЗ) ја признаа државната независност на Хрватска и Словенија во постојните граници.

Помеѓу крајот на 1991 година и средината на 1993 година, Арбитражната комисија издаде 15 мислења во врска со правни прашања кои произлегуваат од распарчувањето на Југославија.

Кај нас името на Бадинтер се поврзува со принципот на квалификувано мнозинство при гласање, наречен според неговото име „бадинтерово мнозинство“, воведен и во нашиот устав со Охридскиот рамковен договор од 2001 година. Според овој принцип, при носењето некоја одлука, освен мнозинство од членовите на едно тело, потребно е за одлуката да гласаат и мнозинството претставници на малцинската заедница.

Share This Article