Министерство за внатрешни работи (МВР) соопшти дека почна со имплементација на пилот проект на територијата на Скопје за доставување на готови лични карти и возачки дозволи на домашна адреса, преку полициските станици. Целта е олеснување и забрзување на процесот на промена на личните документи.
„Напоменуваме дека овој пилот проект се спроведува само во Скопје“, се наведува во соопштението на МВР.
Од МВР ги известуваат граѓаните дека во сабота, 27 јануари ќе работат шалтерите за издавање на готови документи во објектите во Беко и во МРТВ од 8 до 16 часот.