МВР КРИЕ ДЕКА НЕ Е ПРОНАЈДЕНА ПУШКАТА СО КОЈА ПУКАШЕ КОМАНДИРОТ ОД РОПОТОВО

Saso
By Saso 3 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

МВР на Оливер Спасовски знаеше, но молчеше за настанот во кој командир на полициска станица, други полициски службеници, воени лица и во нивно присуство и други лица-цивили, предизвикувале општа опасност и употребиле автоматско и друго оружје чисто за своја разонода во сред населено место и во толпа народ – пишува на Фејсбук пратеникот Драган Ковачки.

– Според соопштението од МВР, во текот на акцијата за апсење на горенаведените лица кои со своите дејанија можеле да предизивикаат тешки последици, т.е. при претреси биле пронајдени поголема количина разновидно оружје и муниција, а за командирот на станицата била поднесена пријава само за предизвикување општа опасност. Тоа што не го кажува МВР е дека автоматската пушка од која пукаше командирот на станицата не е пронајдена, а што е уште потрагично, на настанот присуствувале и лица од најтесното раководство на СВР-Битола во чие присуство се случувало дивеењето со огнено оружје – нагласува Ковачки.

Пратенокот на ВМРО-ДПМНЕ прашува зошто на припадници на МВР и на АРМ им се потребни нелегални пушки, пиштоли итн и како е возможно, во присуство на командир на полиција, како и на други полициски службеници, да се дозволи употреба на огнено оружје и од други лица, воени лица и цивили?

– Дали учесниците на настанот се наоѓале во борбена зона или среде населено место на земја членка на НАТО и кандидат за ЕУ? Ќе има ли кривична одговорност за раководните од СВР Битола затоа што го сокриле настанот – прашува Ковачки.

Според него, време е за оставка од министерот Спасовски.

– Со свесно непреземање, а и со свесно-изнудено и ненавремено односно пост-фестум преземање на мерки, се стимулира растот на криминалот во државата. Вие сте веќе осма година министер и сте директно одговорен за башибозукот во МВР и во државата. Под Ваше раководство на МВР, нарко-банди се пресметуваат во строг центар на Скопје, ниедно убиство немате расветлено, а полицијата и Ваши началници и командири кои лично Вие сте ги поставиле, наместо да се занимава со спроведување на законот и редот и да овозможи безбедност на граѓаните е директно вклучена во кршење на законите и предизвикување на опасност – вели пратеникот Ковачки.

Share This Article