More

    МВР – ИЗВАДОК ОД ДНЕВНИТЕ НАСТАНИ 31.07.2023

    spot_img

    Денеска (31.07.2023) во 02.50 часот на подрачјето на Бит Пазар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Е.П.(19) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.

    На 30.07.2023 во 19.50 часот на подрачјето на Карпош, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Т.Б.(22) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.

    На 30.07.2023 во 21.30 часот на подрачјето на Карпош, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода В.З.(29) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.

    На 30.07.2023 во 21.00 часот на подрачјето на Чаир, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода А.Љ.(23) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.

    На 30.07.2023 во 22.55 часот, полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода А.П.(42) од Велес, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

    На 30.07.2023 во 23.10 часот на улица „Благоја Тоска“ во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода Е.Б.(31) од тетовски Порој, затоа што кај него и во возилото кое го управувал била пронајдена и одземена марихуана. Тој бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

    На 31.07.2023 во 03.10 часот на улица „Видое Смилевски Бато“ во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово лишиле од слобода малолетник од Тетово, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. Со малолетникот бил извршен разговор во присуство на родител, а по целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

    Денеска (31 јули) во 04.35 часот на улица „Маршал Тито“ во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода Р.С.(18) од Тетово, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

    На 30.07.2023 во 16.40 часот на Граничниот премин Белановце, полициски службеници го лишиле од слобода Б.Т.(49) од Косово. При проверка на патничко моторно возило „бмв х3“ со француски национални ознаки, кое го управувал, било констатирано дека возилото е на стоп листа во службената евиденција, односно за него има меѓународна потрага од Интерпол Франција. Тој бил предаден на полициски службеници од СВР Куманово за понатамошна постапка.

    Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (30.07.2023) продолжи со контролите во областа на сообраќајот. На територија на град Скопје изречени се вкупно 154 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 68 санкции, 15 мерки за возење без возачка дозвола, 13 санкции за возење под дејство на алкохол. Изречени се четири мерки за користење мобилен телефон при возење, седум санкции за некористење сигурносен појас…

    Секторот за внатрешни работи Битола во текот на вчерашниот ден (30.07.2023) продолжи со контролите во областа на сообраќајот при што изречени се вкупно 144 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 75 санкции, 16 мерки за возење без возачка дозвола, 26 санкции за возење под дејство на алкохол. Изречена е една мерка за користење мобилен телефон при возење, 7 санкции за некористење на заштитна кацига…

    На 30.07.2023 во 22.44 часот во СВР Битола било пријавено дека на крстосницата од ул.„Филип Втори Македонски“ и ул.„Батаљон Стив Наумов“ во Битола се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „шевролет авео“, управувано од Н.П.(20) од Битола и патничко возило „бмв“, управувано од Л.М.(28) од Битола, двете со битолски регистарски ознаки. Во несреќата, Л.М. се здобила со тешки телесни повреди, додека сопатникот Д.Ј.(35) од Битола се здобил со телесни повреди, констатирани во Клиничка болница Битола. Увид на местото извршила увидна екипа на СВР Битола.

    На 30.07.2023 во 17.00 часот во СВР Струмица било пријавено дека на локален пат од село Ново село кон село Мокриево, струмичко, Ѓ.К.(23) од село Добрејци, струмичко, управувајки патничко возило „бмв“ со швајцарски национални ознаки, изгубил контрола и со возилото излетал надвор од патот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот В.С.(25) од село Борисово, струмичко, констатирани во Медицински центар Струмица. Увид на местото на несреќата извршила екипа на Полициската станица Струмица.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img