More

    МВР – ИЗВАДОК ОД ДНЕВНИТЕ НАСТАНИ 27.07.2023

    spot_img

    На 26.07.2023 во 13.50 часот, полициски службеници од СВР Велес ги лишиле од слобода Ѓ.П.(54) од село Ореше, општина Чашка, И.М.(47) од Струмица, Х.М.(37) од Кочани и Р.Г.(46) од село Богомила, општина Чашка. По претходни сознанија и преземени мерки и активности, полициски службеници извршиле преглед во патничките возила „рено сеник“ со кочански регистарски ознаки, управувано од Х.М. и „фолксваген голф“ со велешки регистарски, управувано од Ѓ.П., а во кои се превезувале и другите лица. Притоа, во возилото „рено“ биле пронајдени околу два килограми марихуана. Лицата биле задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

    На 26.07.2023 во 22.45 часот на подрачјето на Центар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Д.Д.(25) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.

    На 26.07.2023 во 22.50 часот на улица „Маршал Тито“ во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово ги лишиле од слобода Т.Н.(28) од тетовско Палатица и С.С(25) од тетовско Долно Лешница, бидејќи при преглед кај нив и патничкото возило „мерцедес“ со швајцарски национални ознаки, во кое се превезувале, била пронајдена марихуана. Тие биле задржани во полициска станица за понатамошна постапка и по расчистување и документирање на случајот против нив ќе следува соодветна пријава.

    На 26.07.2023 во 15.20 часот на улица „121“ во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го привеле Ш.М.(25) од гостиварска Долна Бањица. Тој бил баран по централна потерница врз одснова на судска наредба за издржување затворска казна. Лицето било предадено во Казнено – поправната установа Затвор Тетово за издржување на казната.

    Во текот на вчерашниот ден (26.07.2023) Министерството за внатрешни работи спроведе акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 557 возачи. Од нив 40 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а 11 возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 288 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 269 надвор од населено место.

    Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (26.07.2023) продолжи со контролите во областа на сообраќајот. На територија на град Скопје изречени се вкупно 162 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 66 санкции, девет мерки за возење без возачка дозвола, пет санкции за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл. Изречени се четири мерки за користење мобилен телефон при возење, пет санкции за некористење сигурносен појас…

    На 26.07.2023 во периодот од 09.00 до 15.00 часот на територијата на СВР Битола спроведена e засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваaт возило со брзина поголема од пропишаната, при што санкционирани се 89 возачи. Од нив, 57 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 32 надвор од населено место. На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци.

    Вчера (26.07.2023) од 08.00 до 20.00 часот pолициските службеници на СВР Тетово спровеле контрола на брзината на движење на возилата при што биле констатирани и санкционирани 65 прекршоци (ТЕ-60 и ГВ-5) за пречекорување на максималната дозволена брзина надвор од населено место, од кои 24 (ТЕ) се движеле со брзина од 50 до 70 километри на час над дозволеното, додека (ТЕ-24 и ГБ-3) со брзина од 30 до 50 километри на час повеќе од дозволеното. За време на контролата биле констатирани и 19 останати прекршоци (ТЕ-9 и ГВ-10). Поради погрешно и непрописно паркирање на возилата, од страна на тетовската пајак-служба биле подигнати 17 возила. На сите возачи – прекршители им биле изготвени и законски предвидените поднесоци додека оние најбрзите кои ја пречекориле брзината ќе се соочат и со забрана за управување во рок од 3 до 12 месеци, зависно од големината на пречекорената брзина.

    На 27.07.2023 во 00.15 часот во СВР Тетово било пријавено дека на автопатот Гостивар-Тетово, во близина на клучка Жеровјане, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген голф“ со гостиварски регистарски ознаки, управувано од Г.М.(35) од гостиварско Здуње и патничко возило „фолксваген поло“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од А.И.(26) од тетовско Каменјане. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот од возилото „голф“, А.Б., констатирани во гостиварскиот Ургентен центар. Додека, со телесни повреди се здобил возачот од возилото „поло“, констатирани во Клиничка Болница Тетово. Увид на местото извршила увидна екипа од СВР Тетово.

    На 26.07.2023 во 22.45 часот во ОВР Гостивар било пријавено дека на улица „Мајор Чеде Филиповски“ во Гостивар, З.Б.(37) од Гостивар, управувајќи мотоцикл со гостиварски регистарски ознаки, изгубил контрола и паднал на коловозот. Во несреќата мотоциклистот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Ургентен центар во Гостивар. По овластување на јавен обвинител увид на местото извршила екипа од ОВР Гостивар.

    На 26.07.2023 во 15.37 часот во Полициската станица Кочани било пријавено дека на магистралниот пат Кочани-Штип, кај с.Тркање, кочанско, патничко возило ,,форд фокус“ со кочански регистарски ознаки, управувано од А.Т.(21) од с.Облешево, излетало надвор од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила А.Т., констатирани во Клиничката болница Штип. Извршен бил увид од увидна екипа од Полициската станица Кочани.

    На 26.07.2023 во 08.40 часот во Полициската станица Кичево било пријавено дека на магистралниот пат Кичево–Гостивар се случила сообраќајна несреќа помеѓу три патнички возила: „пежо“ со косовски национални ознаки, управувано од Ф.М.(64) од Косово, „мерцедес“ со кривопаланечки регистарски ознаки, управувано од М.Т.(33) од с.Конопница, кривопаланечко и „фолксваген пасат“ со кичевски регистарски ознаки, управувано од А.Б.(74) од с.Зајас, кичевско. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на возилото „мерцедес“, додека тројца сопатници од истото возило се здобиле со телесни повреди, констатирани во Медицински центар Кичево. Извршен бил увид од увидна екипа од Полициската станица Кичево.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img