More

    МВР – ИЗВАДОК ОД ДНЕВНИТЕ НАСТАНИ, 22.01.2024

    spot_img

    На 21.01.2024 во 16.00 часот во Градскиот парк во Скопје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Х.Г.(29) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена прашкаста материја. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

     На 21.01.2024 во 17.15 часот на Граничниот премин Долно Блаце, полициски службеници  го привеле С.Б.(35) од Косово, затоа што при контрола на увид дал туѓа лична карта. Поради основи на сомнение за сторено кривично дело послуга со туѓа лична карта, тој бил приведен за понатамошна постапка.

    На 21.01.2024 во периодот од 14.00 до 16.00 часот на подрачје на Секторот за внатрешни работи Струмица била спроведена контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возила со брзина поголема од дозволената. Притоа, биле констатирани 68 пречекорувања на брзината, од кои 34 на подрачје на Радовиш, 16 на подрачје на Валандово, 13 на подрачје на Струмица и 5 на подрачје на Гевгелија. Од нив, 43 пречекорувања на брзината биле констатирани надвор од населено место, а 25 во населено место. Сите констатирани прекршоци биле соодветно санкционирани.

     На 21.01.2024 на подрачјето на СВР Штип спроведена е акциска контрола на возачи кои управуваат возила со брзина поголема од пропишаната. За време на контролата биле санкционирани 50 прекршоци, од кои 22 надвор од населено место и 28 во населено место. Санкционирани биле и 11 други видови на прекршоци.

     На 21.01.2024 во 19.40 часот во СВР Скопје било пријавено дека на автопатот „’Гоце Делчев“, Свети Николе – Скопје, во близина на с.Коњари, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко моторно возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Б.С.(21) од с.Танушевци – општина Чучер Сандево и патничко моторно возило „пежо“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Б.Д.(61) од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила сопатничка од возилото „пежо“, Б.Д.(57) од Скопје, а со телесни повреди се здобиле уште една сопатничка од истото возило Б.С.(58) од Скопје, возачот Б.С. и неговата сопатничка М.Б.(23) од с.Танушевци, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ и Градската општа болница „Св.Наум Охридски“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

     На 21.01.2024 во 16.10 часот во Полициската станица Центар, Ј.П.(36) од Скопје пријавил дека на ул.„Тодор Александров“ во Скопје бил каснат од куче скитник.

    На 21.01.2024 во 20.50 часот во Полициската станица Карпош, С.М.(38) од Скопје и пријавил дека во Градскиот парк во Скопје неговиот малолетен син бил каснат од куче, кое имало сопственик.

     На 21.01.2024 во 16.00 часот во Полициската станица Велес, И.З.(38) од Велес пријавил дека на улица „Стојан Бурчевски Буридан“ во Велес, неговата малолетна ќерка била касната од куче, кое по негово кажување, било сопственост на Љ.К. од Велес. 

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img