На 17.08.2023 во Охрид, полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога при СВР Охрид го привеле Т.А.(28) од Велес, со привремен престој во Охрид. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, била пронајдена и одземена марихуана. Тој бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Полициски службеници на СВР Тетово, вчера (17 август) во 15 и во 19 часот и 30 минути ги лишиле од слобода тетовците А.А.(29) и Н.М.(30). Имено, А.А. претходниот ден бил пријавен од 33-годишниот З.Х. од тетовско село дека му го одзел неговото возило „бмв“ со германски национални ознаки. Возилото е пронајдено, додека било управувано од Н.М. и вратено на сопственикот, додека А.А. е задржан во Полициската станица Тетово за целосно расчистување и документирање на случајот.
На 17.08.2023 на крстосница пред с.Кутретино, демирхисарско, полициски службеници од Полициската станица Димир Хисар го лишиле од слобода В.И.(22) од с.Белче, демирхисарско, затоа што при преглед кај него, во возилото во кое бил и во близина на возилото била пронајдена и одземена марихуана. По документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.
На 17.08.2023 во 20.40 часот на ул. „Никола Георгиевски Никлец“ во Битола, полициски службеници од СВР Битола ги лишиле од слобода С.О. (25), С.К.(34), Р.О.(19), Ќ.К.(21), А.Ј.(26) и Ф.Ф. (29), сите од Битола, затоа што при преглед кај нив, кај Р.О. била пронајдена и одземена марихуана. По документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.
На 17.08.2023 во 12.25 часот во Полициската станица Демир Хисар, Г.Ѓ.(38) од Демир Хисар пријавила дека во коритото на Стара река, во близина на мостот во с.Мургашево, пронашла една граната. Извршен бил увид и било констатирано дека станува збор за артилериска граната калибар 75 мм со потекло од Првата светска војна. Гранатата била подигната од стручно лице од Дирекцијата за заштита и спасување.
Во текот на вчерашниот ден (17.08.2023) Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 359 возачи. Од нив 13 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а едно возило се движело со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 202 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 157 надвор од населено место.
Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (17.08.2023) продолжи со контролите во областа на сообраќајот. На територија на град Скопје изречени се вкупно 329 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 81 санкција, 20 мерки за возење без возачка дозвола, 22 санкции за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл, шест санкции за технички неисправни возила во јавниот превоз. Изречени се 18 мерки за користење мобилен телефон при возење, четири санкции за минување на затворен сигнал (црвено светло), пет мерки за нерегистрирани возила, 10 санкции за некористење сигурносен појас…
На 17.08.2023 на подрачјето на СВР Штип била спроведена акциска контрола на возачи кои управуваат возила со брзина поголема од пропишаната. За време на контролата биле констатирани 26 прекршоци, од кои 15 надвор од населено место и 11 во населено место. Санкционирани биле и 14 други видови на прекршоци, од кои 3 за управување возило без возачка дозвола, 1 за нерегистрирано возило, 1 за возач почетник, 3 за некористење сигурносен појас, 1 за некористење заштитна кацига, 4 за непрописно паркирање и 1 за непрописно вградени фолии.
На 17.08.2023 во 07.10 часот во СВР Струмица било пријавено дека на магистралниот пат Струмица – Граничен премин Ново Село, на делницата од с.Ново Село до с.Сушица, Б.С.(26) од с.Ново Коњарево, управувајќи патничко возило „хонда“ со струмички регистарски ознаки, изгубил контрола и со возилото излетал надвор од коловозот. По несреќата Б.С. била пренесена во Медицински центар Струмица каде и биле констатирани тешки телесни повреди. Увид на местото извршила екипа од СВР Струмица.
На 17.08.2023 вo 19.45 часот во СВР Скопје било пријавено дека на сервисна улица која ги поврзува ул.„Ѓорче Петров“ со ул.„Браќа Чакареви“, патничко возило „рено флуенс“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.Л.(59) од Скопје удрило во пешакот А.Г.(57) од Скопје. По несреќата, А.Г. бил пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ каде му биле констатирани тешки телесни повреди. Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје.
На 18.08.2023 околу 03.40 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосницата од бул.„Илинден“, бул.„Гоце Делчев“ и бул.„ВМРО“, Т.Т.(21) од Скопје, управувајќи патничко возило „пежо 206“ со скопски регистарски ознаки, изгубил контрола и со возилото излетал надвор од коловозот. По несреќата, сопатниците Н.Л.Х.(20) и Н.С.(20), двајцата од Скопје, биле пренесени во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ каде на Н.Л.Х. му биле констатирани телесни повреди, а на Н.С. ѝ биле констатирани тешки телесни повреди. Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје.
На 17.08.2023 во 10.00 часот во СВР Тетово било пријавено дека на улица „Браќа Ѓиновски“ во Гостивар се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген голф“, управувано од 28-годишната М.А. од гостиварско Врапчиште и мотоцикл „хонда“ што го управувал 65-годишниот гостиварец С.Ц., двете со гостиварски ознаки. Во несреќата С.Ц се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во гостиварската општа болница „Ферид Мурад“. На местото на несреќата увид извршила екипа од Одделението за внатрешни работи Гостивар.
На 17.08.2023 во 14.20 часот во Полициската станица Аеродром, Г.Т.(41) од Скопје пријавила дека на бул.„АСНОМ“ нејзиниот малолетен син бил каснат од куче сопственост на М.Н. и Д.Н., двајцата од Скопје. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.