More

    МВР – ИЗВАДОК ОД ДНЕВНИТЕ НАСТАНИ 17.08.2023        

    spot_img

    На 16.08.2023 во 16.00 часот, полициски службеници од ОВР Кичево го лишиле од слобода Ќ.Г.(57) од с.Осој, кичевско. При претрес во неговиот дом во с.Осој, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени еден ловечки карабин „ЦЗ“, една ловечка пушка, 67 куршуми различен калибар, направа за изработка на патрони, две кутии со метални кугли, 62 парчиња иницијални каписли, ќеса со метални сачми, ќеса со хартиени тапи и две ќеси со зрнеста материја. Лицето било задржано во полициска станица, а за настанот бил известен јавен обвинител. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

     На 16.08.2023 во 16.00 часот на автобуска постојка на влез во с.Прдејци, гевгелиско, полициски службеници од Полициската станица за граничен премин и граничен надзор Богородица го лишиле од слобода М.Ѓ.(37) од с.Пакошево, општина Зелениково. Имено, околу 15.40 часот на регионалниот пат Прдејци – Смоквица, полициските службеници затекнале 24 лица мигранти. По извршен разговор со нив било констатирано дека М.Ѓ. ги превезувал со возило комбе „форд транзит“ со гевгелиски регистарски ознаки, со кое запрел на наплатната рампа Смоквица и побегнал. По преземени мерки возилото било пронајдено и во негова близина биле затекнати седум лица мигранти, по што бил пронајден и возачот М.Ѓ.. Лицето било задржано во полициска станица, а мигрантите билe привремено сместени во прифатно – транзитен центар во Гевгелија. По целосно документирање на случајот, во координација со јавен обвинител, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

    На 16.08.2023 во 23.35 часот на подрачје на Ѓорче Петров, полициски службеници го лишиле од слобода А.К.(22) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

    На 16.08.2023 околу 17.00 часот и во 18.20 часот, по преземени мерки и активности, во близина на с.Плетвар и во с.Ропотово, прилепско, полициски службеници од ОВР Прилеп и Полициското одделение Ропотово пронашле осум кубни метри бесправно исеченo огревно дрво. Дрвото било предадено на Јавното претпријатие „Национални шуми“ за понатамошна постапка. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

    Во текот на вчерашниот ден (16.08.2023) Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 215 возачи. Од нив 11 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а две возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа 87 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 128 надвор од населено место.

    Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (16.08.2023) продолжи со контролите во областа на сообраќајот. На територија на град Скопје изречени се вкупно 154 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 17 санкции, 10 мерки за возење без возачка дозвола, 18 санкции за технички неисправни возила во јавниот превоз. Изречени се 10 мерки за користење мобилен телефон при возење, четири санкции за минување на затворен сигнал (црвено светло), четири мерки за нерегистрирани возила…

    Во текот на вчерашниот ден (16.08.2023), во периодот од 09.00 до 14.00 часот, спроведена е акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на прекршоци на возила со кои се врши јавен превоз на патници. При контролата санкционирани се 54 прекршоци, од кои 16 поради неисправен уред за запирање… Упатени на вонреден технички преглед биле 177 автобуси и други возила кои вршат јавен превоз на патници. За време на контролата констатирани и законски санкционирани се и 173 други видови на сообраќајни прекршоци.

    На 16.08.2023 на подрачјето на СВР Штип била спроведена акциска контрола на возачи кои управуваат возила со брзина поголема од пропишаната. За време на контролата биле констатирани 13 прекршоци, од кои 9 надвор од населено место и 4 во населено место. Санкционирани биле и 26 други видови на прекршоци, од кои 8 за управување возило без возачка дозвола, 4 за нерегистрирано возило, 4 за технички неисправно возило, 3 за возач почетник, 2 за некористење сигурносен појас, 1 за некористење заштитна кацига, 3 за непрописно паркирање и 1 за непрописно вградени фолии.

    На 16.08.2023 во периодот од 09.00 до 14.00 часот на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Тетово била спроведена акциска контрола на возила кои вршат јавен превоз на патници, пред се автобуси, такси комбиња и други возила. При контролата биле откриени и санкционирани 6 возила (ТЕ-5 и ГВ-1) со неисправни сопирачки, 1 (ГВ) возило со неисправни други уреди и 1 (ГВ) возило со неизвршен технички преглед. Неисправните возила веднаш се исклучени од сообраќај и на лицата кои ги управувале изготвени им се законски предвидените поднесоци.

    На 16.08.2023 во 14.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Христијан Тодоровски Карпош“ во Скопје, патничко возило „фиат“ со скопски регистарски ознаки, управувано од У.И.(62) од Скопје, удрило во малолетен пешак од Скопје. По несреќата малолетникот бил пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ каде му биле констатирани тешки телесни повреди. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје.

    На 16.08.2023 во 15.45 часот во СВР Охрид било пријавено дека на ул.„Марко Нестороски“ во Охрид, Г.Н.(49) од Охрид, управувајќи мопед „сим“ со скопски регистарски ознаки, изгубил контрола и со мопедот паднал на коловозот. Со тешки телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Специјална болница „Св. Еразмо“ во Охрид. Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Охрид.

    На 16.08.2023 во 08.50 часот во Полициската станица Центар, П.Б.(75) од Скопје пријавил дека на ул.„Цицо Поповиќ“ бил каснат од куче скитник.

    На 16.08.2023 во 14.15 часот во Полициската станица Гази Баба, С.А.(65) од Скопје пријавил дека на ул.„Беласица“ бил каснат од куче скитник.

     На 16.08.2023 во 17.00 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, С.Ј.(48) од Скопје пријавил дека на ул.„Никола Островски“ бил каснат од куче скитник. 

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img