На 16.06.2024 во Битола, полициски службеници од СВР Битола лишиле од слобода малолетник од Битола. При петрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана и дигитална вага. Малолетникот бил приведен во Полициската станица Битола и по документирање на настанот ќе следува соодветна пријава.
На 16.06.2024, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Сопот при Регионалниот центар за гранични работи Север го лишиле од слобода М.Ј.(45) од Куманово. Околу 10.30 часот на локален пат од с.Сопот кон с.Сушево бил извршен преглед на возилото „шевролет авео“ со кумановски регистарски ознаки, кое го управувал М.Ј., при што биле пронајдени две лица мигранти од Република Турција. Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот, во координација со јавен обвинител, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Секторот за внатрешни работи Битола во текот на викендот (14/15/16.06.2024) продолжи со контролите во областа на сообраќајот. На територија на СВР Битола изречени се вкупно 198 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 84 санкции, 13 мерки за возење под дејство на алкохол, 29 мерки за возење без возачка дозвола, изречени 13 мерки за непрописно паркирани возила, 17 мерки за некористење на заштитна кацига -шлем…
Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (16.06.2024) продолжи со контролите во областа на сообраќајот. На територија на град Скопје изречени се вкупно 54 мерки, меѓу кои за возење без возачка дозвола девет санкции, шест санкции за управување под дејство на алкохол, четири мерки за некористење на сигурносен појас, три санкции за користење на мобилен телефон при возење…
На 16.06.2024 во 17.00 часот во СВР Тетово било пријавено дека на локалниот пат на влез кон с.Мерово, тетовско, патничко возило „фолксваген голф“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од М.А.(75) од с.Мерово, излетало надвор од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле возочот и сопатникот Ќ.А.(69) од с.Мерово, констатирани во Клинички центар Тетово. За настанот бил известен јавен обвинител, а увид извршила увидна екипа од СВР Тетово.
На 16.06.2024 во 14.45 часот во СВР Велес било пријавено дека на регионалниот пат Велес – Градско, патничко возило „фолксваген поло“ со велешки регистарски ознаки, управувано од К.Г.(29) од Велес, излетало надвор од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот К.Г., а неговиот сопатник Б.Е.(27) од Велес се здобил со телесни повреди, констатирани во Општа болница Велес. За настанот бил известен јавен обвинител, а увид извршила увидна екипа од СВР Велес.
На 16.06.2024 во 16.27 часот во СВР Битола било пријавено дека на регионалниот пат Новаци – Македонски Брод мотоцикл без регистарски ознаки, управуван од Љ.К.(67) од с.Тепавци, општина Новаци, излетал надвор од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Клиничка болница Битола. Извршен бил од увидна екипа од СВР Битола.
На 16.06.2024 во 17.30 часот во СВР Штип било пријавено дека на ул.„Рибник“ во Штип патничко возило „опел“ со скопски регистарски ознаки, управувано од М.Ј.(47) од с.Визбегово, скопско, излетало надвор од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Клиничка болница Штип. Извршен бил од увидна екипа од СВР Штип.
На 16.06.2024 во 18.15 часот во Полициската станица Центар, В.С.(58) од Скопје пријавил дека на плоштад „Македонија“ во Скопје бил каснат од куче скитник.
На 16.06.2024 во 23.20 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Тодор Паница“ во Скопје, М.Т.(18) од с.Сопотница, демирхисарско, била касната од куче.