More

    МВР – ИЗВАДОК ОД ДНЕВНИТЕ НАСТАНИ, 12.09.2024         

    spot_img

    На 11.09.2024 во 22.10 часот, полициски службеници од СВР Струмица го лишиле од слобода Г.Л.(42) од село Владевци, струмичко. Тој се сомничи дека околу 20.30 часот во Струмица, од 24-годишна жена од село Мокриево, струмичко, со употреба на сила одзел пари и мобилен телефон. Лицето било задржано во полициска станица и кај него биле пронајдени одземените предмети и ќе бидат вратени на сопственичката. За настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица и по документирање на случајот против Г.Л. ќе биде поднесена соодветна пријава.

     На 11.09.2024 во 13.20 часот во Скопје, на подрачјето на Бит Пазар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Ј.А.(25) од Скопје затоа што кај него биле пронајдени и одземени марихуана и нож. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

    На 11.09.2024 во 17.00 часот во Скопје, на подрачјето на Гази Баба, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода С.Д.(21) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

    На 11.09.2024 во 22.05 часот во Скопје, на подрачјето на Кисела Вода, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Д.М.(21) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

    На 11.09.2024 во 21.00 часот во Скопје, на подрачјето на Карпош, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода М.И.(32) од Скопје затоа што кај него биле пронајдени и одземени марихуана и нож. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

    На 11.09.2024 во 13.15 часот во Градскиот парк во Скопје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода З.П.(45) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана.  По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

    На 11.09.2024 во 15.45 часот во Скопје, на подрачјето на Центар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода В.Д.(40) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

    На 11.09.2024 во 20.50 часот во Скопје, на подрачјето на Центар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода З.Д.(37) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена бела прашкаста материја. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

    На 11.09.2024 во 19.00 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода М.Т.(24) од Куманово затоа што кај него биле пронајдени и одземени марихуана и бела прашкаста материја. По целосно документирање на случајот, против него ќе следува соодветна пријава.

    На 11.09.2024 во 16.00 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода С.М.(29) од Куманово затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот, против него ќе следува соодветна пријава.

    На 11.09.2024 во 22.00 часот на улица „ЈНА“ во Струга, полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога при ОВР Струга го привеле А.Џ.(32) од Струга затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

    На 11.09.2024 околу 22.30 часот, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Рогачево ги лишиле од слобода Н.Ф.(26) и М.Х.(18), двајцата од скопско Бојане и Ј.М.(27) и Р.Б.(23), двајцата од скопска Копаница, затоа што кај нив била пронајдена и одземена марихуана. Тие се задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

    Во врска со кривично правниот настан случен на 29.08.2024 околу 21 часот во с.Арачиново, скопско, каде што со огнено оружје е пукано кон А.И. (25) и В.Б. (29) од с.Арачиново, при што со прострелни рани се здобил А.И. и бил пренесен во комплекс клиники „Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош, од страна на полициски службеници од  Единицата за насилен криминал – Одделение за крвни и сексуални деликти извршени се претреси на повеќе локации во с.Арачиново, при што од слобода е лишен Е.А. (22) од с.Арачиново. Од страна на ЕНК-ОКСД поднесена е кривична пријава против Е.Б. (29), В.А. (27) и Е.А. (22), сите од с. Арачиново за кривично дело обид за убиство по член 123 во врска со член 19 од КЗ и кривично дело „предизвикување општа опасност” по член 288 од КЗ. Од страна на судија на претходна постапка на лицето Е.А. определена му е мерка притвор во времетраење од 30 дена.

    На 11.09.2024 во 09.00 часот во Полициската станица Валандово било пријавено дека на ул.„Христијан Тодоровски Карпош“ во Валандово, патничко возило „ауди“ со валандовски регистарски ознаки, управувано од Р.Д.(32) од село Пирава, валандовско, удрило во пешакот Д.С.(67) од Валандово. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Здравствен дом – Валандово. Увид на местото извршила екипа на ОВР Валандово.

    На 11.09.2024 во 23.45 часот во Полициската станица Гази Баба, М.К.(44) од Скопје пријавила дека на ул.„Зендел Џемаил“ во Скопје била касната од куче скитник.

    На 11.09.2024 во 22.30 часот во Полициската станица Карпош, Е.Л.(21) од Битола пријавила дека на бул.„Митрополит Теодосиј Гологанов“ во Скопје била касната од куче скитник.

    На 11.09.2024 во 15.40 часот во Полициската станица Чаир, Ф.И.(76) од Скопје пријавил дека на  ул.„Александар Урдаревски“ во Скопје бил каснат од куче скитник. 

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img