More

    МВР – ИЗВАДОК ОД ДНЕВНИТЕ НАСТАНИ, 07.06.2024

    spot_img

    На 06.06.2024 околу 16.30 часот на Граничен премин Долно Блаце, полициски службеници го лишиле од слобода Б.П.(42) од Косово поради сомнение за сторено кривично дело „давање поткуп“. При пасошка и гранична контрола на патничкото возило „опел зафира“ со косовски национални ознаки, кое го управувал, тој со документите дал пари како поткуп за да му се дозволи на неговиот сопатник К.С.(25) од Република Турција, кој го пречекорил престојот во државата, да оствари излез. Парите биле одземени со потврда за одземени предмети, а лицето било предадено на полициски службеници од Одделот за прекуграничен криминал, миграции, странци и реадмисија при Регионалниот центар за гранични работи Север.  К.С., исто така, бил приведен и задржан во полициска станица за понатамоишна постапка. По целосно документирање на случајот ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

     На 06.06.2024 во 23.45 часот на подрачјето на Центар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје  го лишиле од слобода Н.М.(34) од Гевгелија затоа што кај него била пронајдена и одземена бела прашкаста материја. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

     На 06.06.2024 во 17.00 часот на подрачјето на општина Аеродром, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Т.А.(20) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

     На 06.06.2024 во 23.05 часот во с.Дедебалци, општина Могила, полициски службеници од СВР Битола ги лишиле од слобода Н.И.(35), М.М.(38) и Б.Б.(29), сите од Битола. При преглед во патничко возило „фолксваген” со битолски регистарски ознаки, во кое биле лицата, кај Б. Б. Биле пронајдени и одземени се предмети со остатоци од бела прашкаста материја. По документирање на настанот ќе следува соодветен поднесок.

     На 06.06.2024 во 19.05 часот во угостителски објект во Битола, полициски службеници од СВР Битола ги лишиле од слобода З.А.(37), Ј.Б.(53), Г.П.(36) и М.Б.(45), сите од Битола, затоа што во близина на М.Б., под масата каде што седеле, било пронајдено пакување со бела прашкаста материја. Лицата биле приведени во полициска станица и по документирање на настанот против нив ќе следува соодветен поднесок.

     На 07.06.2024 во СВР Битола било пријавено дека при ископ во место викано „Стара касарна” во Битола била пронајдена експлозивна направа. Увид бил извршен, а од пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување направата била безбедно подигната и било констатирано дека се работи за топовска граната со калибар 75 мм по потекло од пред Првата светска војна.

     Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (06.06.2024) продолжи со контролите во областа на сообраќајот. На територија на град Скопје изречени се вкупно 124 мерки, меѓу кои за возење без возачка дозвола шест санкции, шест мерки за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл, пет санкции за користење мобилен телефон при возење. Изречени се шест мерки за минување на затворен сигнал – црвено светло, седум санкции за некористење сигурносен појас…

     На 06.06.2024 во 23.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на сервисната улица која ги поврзува бул.„Никола Карев“ и ул.„Беласица“ во Скопје, Ф.К.(32) од Скопје, управувајќи мопед, изгубил контрола и паднал на коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил Ф.К. констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

     На 06.06.2024 во 14.20 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосницата од ул.„Народен Фронт“ со ул.„Шарски Одреди“, патничко возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, управувано од З.Т.(49) од Скопје, удрило во малолетен пешак од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила малолетничката констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

     На 06.06.2024 во 19.05 часот во СВР Куманово било пријавено дека на бул.„Трета македонска ударна бригада“ во Куманово, патничко возило „рено клио“ со кумановски регистарски ознаки управувано од К.Б.(83) од с.Табановце, кумановско, удрило во пешакот А.Л.(56) од с.Ново Село, кумановско. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила А.Л., констатирани во Општата болница Куманово. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Куманово.

     На 06.06.2024 во 16.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Димитриј Чуповски“ во Скопје, при кочење на приватен автобус за јавен превоз, паднал патникот Р.М.(74) од Скопје и се здобил со тешки телесни повреди констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“. Извршен бил увид од екипа од СВР Скопје.

     На 06.06.2024 во 11.45 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, Г.С.(43) од Скопје пријавил дека на ул.„Виа Игнатиа“ во Скопје бил каснат од куче скитник.

     На 06.06.2024 во 11.55 часот во Полициската станица Гази Баба, А.В.(23) од с.Јурумлери, скопско, пријавила дека во с.Јурумлери била касната од куче скитник.

     На 06.06.2024 во 14.00 часот во Полициската станица Центар, В.А.(57) од Скопје пријавил дека на ул.„Орце Николов“ во Скопје бил каснат од куче скитник.   

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img