More

    МВР – ИЗВАДОК ОД ДНЕВНИТЕ НАСТАНИ, 03.06.2024

    spot_img

    На 03.06.2024 во 03.30 часот на улица „Гоце Делчев“ во Гостивар, полициски службеници од ОВР Гостивар го лишиле од слобода Е.Ш.(36) од Гостивар, кој бил баран по централна потерница врз основа на судска наредба за издржување казна затвор од шест години за сторено кривично дело „разбојништво“ по член 237 од Кривичниот законик. Лицето било спроведено во Казнено – поправната установа Затвор Идризово за издржување на казната.

    На 02.06.2024 во 12.35 часот на патот кон Средно Водно, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода О.В.(26) од Скопје затоа што кај него биле пронајдени и одземени марихуана и дробилка. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

    На 02.06.2024 во 14.00 часот на подрачјето на Карпош, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода П.М.(21) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

    На 02.06.2024 во 23.30 часот на подрачјето на Центар, полициски службеници од Полициската станица Центар го лишиле од слобода Ф.П.(20) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

    Во текот на вчерашниот ден (02.06.2024) во периодот од 15.00 до 22.00 часот спроведена е акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на прекршоци што ги прават возачите на мотоцикли, при што санкционирани се 185 возачи. Од нив, 113 возачи не користеле заштитна кацига за време на возење, 33 возеле без возачка дозвола, седум мотоцикли се одземени поради истечена сообраќајна дозвола и предизвикување голема бучава… За време на контролата санкционирани се и 197 други видови на сообраќајни прекршоци.

    Во текот на вчерашниот ден (02.06.2024) во периодот од 14.30 до 19.30 часот Секторот за сообраќајни работи при Одделот за униформирана полиција Биро за јавна безбедност и Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата спроведоа акциска контрола на територијата на Прилеп, за санкционирање на возачи кои не ги почитуваат сообраќајните правила и прописи. При контролата санкционирани се 99 возачи, од кои 39 за возење без возачка дозвола, осум санкции поради измината важност на сообраќајната дозвола, седум мерки за некористење заштитна кацига при возење мотоцикл, две санкции за непрописно вградени фолии (затемнети стакла), четири мерки за возење под дејство на алкохол, шест санкции за возење со брзина поголема од дозволената…

    Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (02.06.2024) продолжи со контролите во областа на сообраќајот. На територија на град Скопје изречени се вкупно 80 мерки, меѓу кои за возење без возачка дозвола 16 санкции, 12 мерки за некористење сигурносен појас, четири санкции за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл…

    На 02.06.2024 околу 17.10 часот во СВР Штип било пријавено дека на велосипедска патека од населба Сењак кон населба „8 Ноември“ во Штип, М.Ј.(38) од Штип, управувајќи електричен тротинет, изгубила контрола и паднала на патеката. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила М.Ј., констатирани во Клиничката болница Штип. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Штип.

    На 02.06.2024 во 08.50 часот во Полициската станица Аеродром, Д.Р.(40) од Скопје пријавил дека на ул.„Владимир Комаров“ во Скопје бил каснат од куче скитник.

    На 02.06.2024 во 09.35 часот во Полициската станица Аеродром, Ф.П.П.(57) од Скопје пријавила дека на бул.„Јане Сандански“ во Скопје, нејзиниот малолетен син бил каснат од куче скитник.

    Денеска (03.06.2024) во 08.15 часот во Полициската станица Карпош, М.Н.(68) од Скопје пријавил дека на ул.„Франце Прешерн“ во Скопје бил каснат од куче скитник.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img