На 01.12.2024 од страна на полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје, по претходно добиена судска наредба од Основен кривичен суд Скопје, бил извршен претрес во дом на Л.С.(18) во Скопје, на територија на Карпош. При претресот се пронајдени марихуана и дигитална вага со остатоци од марихуана. Л.С. е лишен од слобода и против него ќе биде поднесена кривична пријава по член 215 од КЗ.
На 02.12.2024 околу 03 часот во Скопје, на територија на Карпош, од страна на полициски службеници од Единицата за интервентна полиција биле лишени од слобода М.Т. (31) од Скопје и Б.Н. (27) од Скопје, поради сомнение за извршено кривично дело „тешка кражба“. Веднаш по добиена пријава околу 02.35 часот дека две лица извршиле тешка кражба од патничко возило на територија на Карпош, преземени се соодветни мерки и активности и извршителите се лишени од слобода, а кај нив се пронајдени предмети поврзани со кривичното дело. По документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 01.12.2024 во 16.20 часот на автопатот Гевгелија – Демир Капија, кај тунели Демир Капија, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Михајлово го лишиле од слобода А.С.(28) од Кичево. При преглед во возилото „волво“, кое го управувал, биле пронајдени три лица мигранти и било констатирано дека регистарските таблички припаѓаат на возило „мерцедес“. Мигрантите биле пренесени во Прифатно – транзитен центар Гази Баба во Скопје, а возилото било сместено во кругот на Регионалниот центар за гранични работи Југ за понатамошна постапка. За настанот бил запознаен јавен обвинител.
На 01.12.2024 во 09.30 часот на Граничниот премин Деве Баир, на влез во државата, полициски службеници го лишиле од слобода Ч.Ј.(52) од Република Турција затоа што при извршена пасошка контрола и проверка во оперативна евиденција било констатирано дека приложил фалсификувана возачка дозвола. Запознаен бил јавен обвинител од Основното јавно обвинителство од Крива Паланка, а Ч.Ј. бил предаден на полициски службеници од Полициската станица Крива Паланка за понатамошна постапка.
На 01.12.2024 во 23.50 часот во Скопје, на подрачјето на Карпош, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода А.Р.(23) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 01.12.2024 во 21.30 часот во Скопје, на подрачјето на Гази Баба, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода С.С.(20) од село Трубарево, скопско, затоа што кај него биле пронајдени и одземени бела прашкаста материја и дробилка. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 01.12.2024 во 21.20 часот во Скопје, на подрачјето на Чаир, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода А.С.(30) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 01.12.2024 во 21.40 часот во Скопје, на подрачјето на Гази Баба, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода С.А.Ј.(28) од Скопје затоа што кај него биле пронајдени и одземени марихуана и дробилка со остатоци од марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 01.12.2024 во 00.10 часот во Скопје, на подрачјето на Бит Пазар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода А.М.(24) од с.Мојанци, општина Арачиново, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 01.12.2024 во 17.40 часот во Скопје, на подрачјето на Бит Пазар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода А.А.(22) од Скопје затоа што кај него биле пронајдени и одземени марихуана и други предмети. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 01.12.2024 во 17.10 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосницата од бул.„Јане Сандански“ и сервисна улица во Скопје, патничко возило „мицубиши колт“ со светиниколски регистарски ознаки, управувано од Љ.Т.(71), излетало од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, а со телесни повреди се здобиле неговите двајца малолетни сопатници од Скопје и уште една сопатничка В.Т.(64) од Свети Николе, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.
На 01.12.2024 во 10.30 часот во СВР Битола, В.Ј.(59) од Битола пријавил дека во новиот пазар во Битола бил каснат од куче скитник.