На 29.05.2024 во 23.30 часот, полициски службеници од ОВР Гостивар го привеле М.М.(42) од гостиварско Дебреше. Тој бил осуден на 10 години казна затвор за сторени повеќе кривични дела „тешка кражба“ и „кражба“, а бил баран по централна потерница врз основа на судска наредба поради бегство од Казнено – поправната установа Затвор Идризово за доиздржување на шест години од казната. При приведувањето кај него биле пронајдени и одземени предмети кои потекнуваат од кривично дело. Тој е задржан во полициска станица и по документирање на случајот ќе биде спроведен во Казнено – поправната установа Затвор Идризово за доиздржување на казната.
На 29.05.2024 во напуштен објект на ул.„Илија Николовски Луј” во Старата касарна, полициски службеници од СВР Битола ги лишиле од слобода К.Д.(18) од Кавадарци и Џ.М.(40) од Битола. Кај нив било пронајдено патничко возило „опел астра” со ресенски регистарски ознаки, за кое А.Р.(24) од Ресен истиот ден пријавил дека му било одземено во близина на паркингот кај Спортската сала во Битола. Возилото било вратено на сопственикот, а по целосно документирање на случајот против лицата ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 29.05.2024 во 11.30 часот во село Удово, валандовско, полициски службеници од Полициската станица Валандово го лишиле од слобода К.Ш.(23) од с.Удово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност“, по член 288 од Кривичниот законик. Имено, тој се сомничи дека околу 08.30 часот со запалива течност предизвикал пожар пред влезната врата од куќата на П.Л., а откако бил забележан од сопствениците со спреј испрскал еден од нив и го напуштил местото. Пожарот бил изгаснат, а повредени лица нема. За настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија и по негово документирање против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава.
Денеска (30.05.2024) во 00.00 часот на подрачјето на Ѓорче Петров, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода К.Ѓ.(34) од Велес, со престој во Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Денеска (30.05.2024) во 01.20 часот во Градскиот парк Скопје, полициски службеници од Полициската станица Карпош го лишиле од слобода Д.Р.(18) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена прашкаста материја. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 29.05.2024 во 12.35 часот на улица „Блaгоја Тоска“ во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода М.А.(20) од тетовско Долно Палчиште, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. Тој е задржан во полициска станица за понатамошна постапка и против него ќе следува соодветен поднесок.
На 29.05.2024 во 14.15 часот на улица „Методија Андонов Ченто“ во Велес, полициски службеници од Одделението за криминалистичка полиција при СВР Велес го лишиле од слобода Т.М.(51) од Велес, затоа што кај него била пронајдена и одземена бела грутчеста материја. За настанот бил известен јавен обвинител и по документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 29.05.2024 во 14.40 часот на Граничниот премин Меѓународен Аеродром Скопје, полициски службеници ги привеле Т.А.Ј.(19) и Е.Д.(19), двајцата од Република Турција, затоа што при пасошка контрола и проверки во оперативна евиденција било констатирано дека го пречекориле дозволениот престој во државата. Тие биле предадени во Одделението за прекуграничен криминал, миграции, странци и реадмисија Скопје за понатамошна постапка.
Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (29.05.2024) продолжи со контролите во областа на сообраќајот. На територија на град Скопје изречени се вкупно 114 мерки, меѓу кои за возење без возачка дозвола 10 санкции, десет санкции за користење мобилен телефон при возење, четири санкции за некористење на сигурносен појас, седум мерки за минување на затворен сигнал – црвено светло…
На 29.05.2024 во 15.45 часот во СВР Скопје било пријавено дека на бул.„АСНОМ“ во Скопје, патничко возило „тојота“ со скопски регистарски ознаки, управувано од С.М.(20) од Скопје, удрило во велосипед управуван од малолетник од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетникот, а со телесни повреди се здобил и малолетен сопатник од велосипедот, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.
На 29.05.2024 во 20.15 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Серава“ во Скопје, велосипедист удрил во пешак-малолетничка, по што го напуштил местото. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила малолетничката, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.
На 29.05..2024 во 21.03 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосница од ул.„Хасан Приштина“ и бул.„Словенија“ во Скопје, патничко возило удрило во малолетен пешак и го напуштило местото. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетникот, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.
На 29.05.2024 во 11.25 часот во СВР Скопје било пријавено дека на платото од Станица за технички преглед на ул.„Александар Урдаревски“ во Скопје, патничко возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Ф.А.(44) од с.Љуботен, скопско, удрило во пешакот Д.Л.(54) од с.Чучер Сандево. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ Скопје. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.
На 29.05.2024 во 16.10 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Петричка“ во Скопје, патничко возило „бмв“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Е.С.(21) од Скопје, удрило во пешакот М.Р.(68) од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила М.Р., констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ Скопје. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.
На 29.05.2024 во 12.15 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, Ќ.Д.(62) од Скопје пријавил дека на ул.„Ѓорче Петров“ во Скопје бил каснат од куче скитник.
На 29.05.2024 во 14.00 часот во Полициската станица Кисела Вода, В.А.(43) од Скопје пријавил дека на ул.„Христо Татарчев“ во Скопје бил каснат од куче скитник.
На 29.05.2024 во 14.20 часот во Полициската станица Аеродром, З.С.(63) од Скопје пријавил дека на ул.„23 Октомври“ во Скопје бил каснат од куче скитник.