More

    МВР – Извадок на дел од дневните настани 29 Јуни, 2023

    spot_img

    На 28.06.2023 полициски службеници од криминалистичката полиција при СВР Битола го лишиле од слобода  Н.И.(62) од Битола. Имено, по претходно издадена наредба од Основен суд Битола, полициските службеници извршиле претрес во дом и простории кои ги користи Н.И., при што биле пронајдени и одземени три ќеси со марихуана, дигитална вага,  предмети со остатоци од марихуана и други предмети во врска со кривичното дело. Н.И. е приведен и по документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

     Полициски службеници на СВР Тетово вчера (28.06.2023) околу 17.00 часот го лишиле од слобода 57-годишниот тетовец Д.К.. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, му биле пронајдени и одземени: 67 куршуми калибар 7,62 милиметри за автоматска пушка, 10 куршуми калибар 16 милиметри за ловечка пушка и 6 други куршуми од различен калибар. Тој е задржан во Полициската станица Тетово и по целосно документирање на случајот ќе му биде изготвен поднесок по член 396 од Кривичниот законик.

     Вчера (28.06.2023) околу 18.20 часот на улица „101“ во Гостивар, полициски службеници на СВР Тетово-Одделение за внатрешни работи Гостивар го лишиле од слобода 44-годишниот гостиварец М.Л. кај кого била пронајдена марихуана. Тој е задржан во Полициската станица Гостивар и по целосно расчистување на случајот против М.Л. ќе следува поднесок.

     На 28.06.2023 во 15.10 часот на подрачјето на Гази Баба, полициски службеници од Полициската станица Гази Баба лишиле од слобода малолетник од Скопје, бидејќи кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.

     Во текот на вчерашниот ден (28.06.2023) Министерството за внатрешни работи спроведе акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 254 возачи. Од нив, 17 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а четири возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 108 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 146 надвор од населено место.

     На 28.06.2023 во 16.15 часот било пријавено дека на регионалниот пат Охрид-Струга се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген туран“ со струшки регистарски ознаки, управувано од А.С.(33) од Струга и мотоцикл „хонда“ со охридски регистарски ознаки, управувано од С.А.(58) од Охрид. Во несреќата мотоциклистот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо“ во Охрид. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Охрид.

     Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (28.06.2023) продолжи со контролите во областа на сообраќајот. На територија на град Скопје изречени се вкупно 128 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 33 санкции, шест мерки за возење без возачка дозвола, две санкции за управување возило под дејство на алкохол, осум мерки за прекршоци што ги чинат возачи на мотоцикли. Изречени се четири санкции за минување на затворен сигнал – црвено светло, четири санкции за користење мобилен телефон при управување возило, една мерка за некористење сигурносен појас…

     На 28.06.2023 година во 21.05 часот во Полициската станица Гевгелија било пријавено дека на регионален пат Гевгелија – Богданци се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „пасат“, управувано од Х.Н. (22) од Богданци и трактор „ИМТ“, управуван од С.К. (27) од Богданци, двете со гевгелиски регистарски ознаки. Во несреќата возачот Х.Н. се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Медицински центар Гевгелија. Увид на местото извршила екипа на Полициска станица Гевгелија.

    На 28.06.2023 околу 16.00 часот, Т.К.(57) од Кичево во полициска станица пријави дека  на ул.„11 Септември“ во Кичево бил каснат од куче скитник. Истиот ден, Ѓ.Ф.(33) од Кичево пријави дека нејзиниот малолетен син, на ул.„Маршал Тито“ во Кичево, бил каснат од куче скитник.

     На 28.06.2023 во 09.40 часот било пријавено дека на автопатот Тетово-Гостивар се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „голф“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од Б.И.(26) од с.Боговиње, патничко возило „фиат пунто“, управувано од Н.Г.(41) од с.Градец и патничко возило „сеат леон“, управувано од Ч.З.(28) од Гостивар, двете со гостиварски регистарски ознаки. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил сопатник од возилото „голф“ Г.И.(50) од с.Боговиње, а други четири лица од возилата се здобиле со телесни повреди, констатирани во Општата болница Гостивар. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Гостивар. 

     На 28.06.2023 во 12.00 часот во Полициската станица Чаир, А.М.(31) од Скопје пријавил дека на бул.„Босна и Херцеговина“ бил каснат од куче скитник.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img