More

    МВР – Извадок на дел од дневните настани, 28 Јуни, 2024

    spot_img

    На 27.06.2024 во 17.00 часот на подрачјето на Центар во Скопје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Р.Б.(49) од Скопје поради тоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

    На 27.06.2024 во 22.45 часот на регионален пат Радовиш- Конче полициски службеници од ОВР Радовиш ги лишиле од слобода У.С.(20) од село Конче и А.Ч.(20) од Штип. При преглед на патничко возило „ауди“ со радовишки регистарски ознаки, управувано од  У.С., а во кое сопатник бил А.Ч., била пронајдена марихуана. Лицата биле задржани во Полициската станица Радовиш и за настанот бил известен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Радовиш. По документирање на случајот ќе биде поднесено соодветна пријава.

    На 27.06.2024 во 19.50 часот полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје од СВР Тетово во Тетово го лишиле од слобода И.Џ. (46) од Тетово, кај кого е пронајден хероин. По документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

    На 27.06.2024 во 13.05 часот на подрачјето на Чаир во Скопје полициски службеници од Полициската станица Чаир ја лишиле од слобода З.А.И.(52) од Р.Бугарија поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „фалсификување исправа“ по чл.378 од КЗ и „употреба на исправа со невистинита содржина“ по чл.380 од КЗ. Таа во банка во Скопје приложила фалсификувана лична карта. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

    Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (27.06.2024) продолжи со контролите во областа на сообраќајот. На територија на град Скопје изречени се вкупно 77 мерки, меѓу кои за возење без возачка дозвола шест санкции, пет мерки за користење на мобилен телефон при управување, четири мерки за некористење на сигурносен појас…

    На 27.06.2024 во 19.50 часот во СВР Скопје било пријавено дека на автопатот Скопје-Куманово, во близина на влез за Меѓународен аеродром-Скопје, патничко возило „шевролет матиз“ со скопски регистарски ознаки, управувано од С.П.(51) од Скопје, излетало надвор од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот Т.Д.(57) од Скопје, а со телесни повреди се здобила С.П., констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

     На 27.06.2024 во 05.17 часот во СВР Битола било пријавено дека на патот Прилеп-Битола, пред надвозник за с.Долно Српци, патничко возило „мерцедес“ со битолски регистарски ознаки, управувано од Г.М.(60) од Битола, излетало од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката А.Б.М.(55) од Битола, констатирани во Клиничката болница Битола. Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Битола.

     На 27.06.2024 во 08.30 часот во Полициската станица Карпош, Д.С.Г.(58) од с.Жидилово, кривопаланечко, пријавила дека на ул.„Шекспирова“ во Скопје била касната од куче скитник.

     Денеска (28.06.2024) во 01.00 часот во Полициската станица Аеродром С.Д.(19) од Скопје, пријавила дека на бул.„Трета Македонска бригада“ во Скопје била касната од куче скитник.

     На 27.06.2024  околу 20.30 часот, на магистралниот пат Гостивар-Кичево, патнички автомобил „рено“, со охридски регистарски таблици, што го управувал З.Ј.(63) од Охрид, излетал од патот. Кај возачот и сопатникот С.Ј. (61) од Охрид биле констатирани телесни повреди, а кај сопатникот Б.Ј.(33) од Охрид, биле констатирани тешки телесни повреди во Општата болница во Кичево. Увид на местото на незгодата извршија полициски екипи.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img