32-годишен скопјанец утрово е приведен бидејќи со запаливо средство опожарил мотоцикл, сопственост на неговата мајка.
„Полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје утрово во 5.00 часот го лишиле од слобода А.М. (32) од Скопје бидејќи се сомничи дека околу 3.30 часот, по претходна расправија со неговиот 55–годишен татко, во дворот од семејната куќа со запаливо средство опожарил мотоцикл сопственост на неговата мајка“, соопшти МВР.
Според пријавеното, тој се обидел со запаливо средство да предизвика пожар и на куќата, но бил спречен од соседите.
А.М. бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.