По преземени мерки и активности, полициски службеници од Полициската станица Штип и Отсекот за општ криминал при СВР Штип расчистија 4 кривични дела „тешка кражба“, од кои една „тешка кражба“ извршена на 13/14.03.2023 од обложувалница во Штип, од каде биле одземени предмети, а осомничени и приведени биле двајца соизвршители, Е.Џ.(20) и еден малолетник од Штип. Останатите три кривични дела „тешка кражба“ биле извршени на 20.03.2023, при што од три куќи во с.Калапетровци, штипско, биле одземени разновидни предмети, а сторителите Д.А.(30), А.С.(40) и Џ.И.(33) од Штип биле фатени на лице место, додека го извршувале кривичното дело и биле лишени од слобода. Во службен разговор во полициска станица тие ги признале кривичните дела, а украдените предмети биле одземени и вратени на оштетените граѓани. По целосно документирање на случаите, против нив ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.
На 27.03.2023 година во 14.45 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода А.С. (56) од Куманово. Тој се сомничи дека на 22.02.2023 во деловен објект на улицата „Биљановска“ Куманово одзел повеќе предмети. А.С. бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.
На 27.03.2023 во 22.30 часот на подрачјето на Аеродром од полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје лишени од слобода се А.А.Г.(20) и В.Г.(40), двајцата од Скопје, затоа што при извршена проверка кај А.А.Г. е пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.
На 27.03.2023 околу 17.00 часот, полициски службеници на СВР Тетово – Одделение за внатрешни работи Гостивар го лишиле од слобода 36-годишниот гостиварец Е.П., поради сомнение дека извршил неколку тешки кражби на подрачјето. Тој е задржан во Полициската станица Гостивар и по целосно расчистување и документирање на случајот против него ќе следува соодветен поднесок.
Во текот на вчерашниот ден (27.03.2023) Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 193 возачи. Од нив 10 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното. Притоа, 99 возила ја пречекорилe брзината во населено место, а 94 надвор од населено место.
Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (27.03.2023) продолжи со контролите во областа на сообраќајот. На територија на град Скопје изречени се вкупно 153 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 43 санкции, 14 мерки за возење без возачка дозвола, 11 санкции за непрописно престројување на возила. Изречени се четири мерки за користење мобилен телефон при возење, шест санкции за минување на затворен сигнал (црвено светло), осум мерки за вградени неатестирани фолии (затемнети стакла), три санкции за возење под дејство на алкохол, две мерки за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл…
На 27.03.2023 на подрачјето на СВР Штип била спроведена акциска контрола на возачи кои управуваат возила со брзина поголема од пропишаната. За време на контролата биле констатирани 7 прекршоци, од кои 5 надвор од населено место и 2 во населено место. Санкционирани биле и 30 други видови на прекршоци, од кои 2 за управување возило без возачка дозвола, 1 за нерегистрирано возило, 2 за возач почетник, 1 за непрописно престигнување, 3 за некористење сигурносен појас и 21 за непрописно паркирање.
На 27.03.2023 година во 14.50 часот во Полициската станица Струмица било пријавено дека на магистрален пат А4 Радовиш-Струмица, на делница од с.Владевци до с.Радичево, струмичко, Н.Р.(28) од с.Злеово, радовишко, управувајќи патничко возило „бмв” со струмички регистерски ознаки, изгубил контрола и излетал надвор од патот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле возачот и сопатниците В.Л.(41) и Г.Р.(35), и двајцата од с.Воиславци, радовишко, констатирани во Медицински центар Струмица, а увид на местото извршила екипа на Полициската станица Струмица.
На 27.03.2023 во 14.20 часот во Полициска станица Ѓорче Петров, Ј.А.(49) од Скопје пријавил дека кај игралиште на насип на река Вардар, неговиот малолетен син бил каснат од куче скитник.
На 27.03.2023 во 15.30 часот на автопатот Скопје-Тетово во близина на бензинска пумпа, кај с.Буковиќ, Б.М.(26) од Тетово управувајќи товарно возило „фолксваген кеди“ со тетовски регистарски ознаки, излетал од патот. Во несреќата, возачот Б.М. и сопатникот Б.С.(31) се здобиле со тешки телесни повреди, додека сопатниците С.Б., М.М.(19) и А.Р., се здобиле со телесни повреди, констатирани во Градската општа болница „8 Септември“ и во Комплекс клиники „Мајка Тереза“. Во координација со Јавен обвинител, увид на местото на несреќата извршила екипа од СВР Скопје.
На 27.03.2023 во 12.45 часот во Полициска станица Аеродром, С.С.(58) од Скопје пријавила дека на ул. „Ѓорѓи Капчев“ била касната од куче скитник.
На 27.03.2023 околу 14.00 часот во СВР Скопје е пријавено дека на железничката пруга во населба Хиподром, без знаци на живот било пронајдено машко лице, кое било удрено од воз. Смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош, а за случајот е известен Јавен обвинител, по чија наредба телото е предадено за обдукција. Увид извршиле екипи од СВР Скопје и од Железници на РСМ.
На 27.03.2023 во 20,20 часот во Полициска станица Гази Баба, Д.С.(51) од Скопје пријавил дека на ул. „Перо Наков“ бил каснат од куче скитник.