На 19.03.2023 во Битола, полициски службеници од криминалистичката полиција при СВР Битола ги лишиле од слобода Д.О.(37) и А.А.(35), двајцата од Битола, а службен разговор во полициска станица бил извршен и со А.М.(27) од Битола. Тие се сомничат дека извршиле три тешки кражби и две кражби во куќи, патнички возила и спортска обложувалница, од каде одзеле разни предмети и пари. Одземеното било пронајдено и вратено на сопствениците, а по целосно документирање на случаите против нив ќе следува соодветна пријава.
На 19.03.2023 во 17.30 часот, полициски службеници од СВР Куманово ги лишиле од слобода А.С.(18) и Н.М.(19) двајцата од село Слупчане, липковско. Тие се сомничат дека на 28.02.2023 со употреба на сила влегле во продажен објект во село Романовце и одзеле повеќе предмети. А.С. и Н.М. биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе следуваат соодветни пријави.
На 20.03.2023 на бул.„Гоце Делчев“ во Прилеп, полициски службеници од СВР Битола – ОВР Прилеп лишиле од слобода малолетник од с.Заполжани, општина Долнени. Тој се сомничи дека на ул.„Орде Тутески“ извршил кражба, при што одзел мопед. Малолетникот бил предаден на родител, а мопедот бил вратен на сопственикот. По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.
На 19.03.2023 во 18.20 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода З.С.(41) од Куманово. Тој бил баран со потерница врз основа на судска наредба за издржување на затворска казна за сторено кривично дело по член 386 од Кривичниот законик. Лицето било спроведено во Казнено-поправната установа Затвор Скопје за издржување на казната.
На 19.03.2023 околу 20.00 часот, полициски службеници од ЕВР Аеродром и Драчево ги лишиле од слобода М.А.(25) од Скопје и Н.Ќ.(47) од с.Страхојадица, скопско. Во возилото „фолксваген венто“, во кое се превезувале, биле пронајдени и одземени огревни дрва без документација. Претходно, на ул.„Сердарот“, откако ги забележале полициските службеници, двајцата го оставиле возилото и се обиделе да побегнат, но набргу биле фатени. Тие биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.
Во текот на вчерашниот ден (19.03.2023) Министерството за внатрешни работи спроведе акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 800 возачи. Од нив 44 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а шест возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 506 возила ја пречекорилe брзината во населено место, а 294 надвор од населено место.
Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (19.03.2023) продолжи со контролите во областа на сообраќајот. На територија на град Скопје изречени се вкупно 214 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 145 санкции, 12 мерки за возење без возачка дозвола, 11 санкции за возење под дејство на алкохол. Изречени се 11 мерки за минување на затворен сигнал (црвено светло), две санкции за користење мобилен телефон за време на возење…
Вчера (19.03.2023) на територијата на СВР Битола спроведена e засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваaт возило со брзина поголема од пропишаната, при што санкционирани се 132 возачи. Од нив, 94 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 38 надвор од населено место. На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци.
На 19.03.2023 на подрачјето на СВР Штип била спроведена акциска контрола на возачи кои управуваат возила со брзина поголема од пропишаната. За време на контролата биле констатирани 109 прекршоци, од кои 56 надвор од населено место и 53 во населено место. Од нив, 28 на подрачјето на Штип, 22 Делчево, 18 Кочани, 16 Виница, 10 Пробиштип, 10 Свети Николе и 5 Берово. На 18/19.03. во периодот од 22.00 до 03.00 часот била спроведена акциска контрола на возачи кои управуваат возила под дејство на алкохол. Притоа биле санкционирани 13 возачи. Санкционирани биле и 22 други видови на прекршоци, од кои, 11 за управување возило без возачка дозвола, 2 за нерегистрирано возило, 4 за возач почетник и 5 за некористење сигурносен појас.
Вчера (19.03.2023), во периодот од 12.00 до 18.00 часот, на подрачјето на СВР Тетово спроведена е акциска контрола за брзина со која се движат возилата, во рамките на која биле откриени и санкционирани 57 пречекорувања на максимално дозволената брзина (ТЕ-22 и ГВ-35) надвор од населено место. Три од пречекорувањата биле за над 70 километри на час (ТЕ-2 и ГВ-1), 24 пречекорувања до 70 километри на час (ТЕ-12 и ГВ-12). Покрај ова, санкционирани се и 52 пречекорувања на пропишаната брзина во населено место (ТЕ-25 и ГВ-27), како и 10 други видови сообраќајни прекршоци (ТЕ-2 и ГВ-8).
На 19.03.2023 во 17.00 часот во Полициската станица Радовиш било пријавено дека на регионален пат Р 1310 во село Раклиш, С.С.(34) од село Раклиш, управувајки мотоцикл „хамачи“ со радовишки регистарски ознаки, изгубил контрола и паднал на коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил С.С.., констатирани во Медицински центар Штип. Увид на местото извршила екипа на Полициската станица Радовиш.
На 19.03.2023 во 20.50 часот во Полициската станица Аеродром, Р.А.(71) од Скопје пријавил дека на бул.„АСНОМ“ бил каснат од куче скитник.
На 19.03.2023 во 20.20 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Мите Богоевски“ во Скопје, С.П.(32) од Скопје, управувајќи мопед „кивеј“ со скопски регистарски ознаки, изгубил контрола и паднал на коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил С.П., констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.
На 19.03.2023 во 13.15 часот во Полициската станица Гази Баба, Ц.М.(83) од Скопје пријавил дека во населба Ќерамидница бил каснат од куче скитник.