More

    МВР – Извадок на дел од дневните настани 20.07.2023

    spot_img

    На 19.07.2023, врз основа на судска наредба, полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за недозволена трговија со дрoга, оружје и опасни материи, Единица за недозволена трговија во координација со ОВР Неготино и членови на Комисија за оценување на исполнетост на условите по однос на простор, опрема и кадар за одгледување на канабис за медицински цели при Министерството за здравство извршиле претрес во простории на две правни лица во Неготино овластени за одгледување канабис за медицински цели.  При претрес во едното правно лице било констатирано дека од четири реколти недостасуваат околу 40 килограми од канабис, како и низа неправилности со кои правното лице постапувало спротивно на член 62, член 29-Д, член 29-Г и член 95-В од Законот за контрола на опојни дроги и психотропни супстанции.  Додека, при претресот во другото правно лице бил пронајден сув цвет од канабис за кој било доставено известување до комисијата, сув цвет за кој допвра ќе се достави документација до комисијата, а биле констатирани и повеќе неправилности со кои правното лице постапувало спротивно на членовите 29-Г, 29-Д и 29-Ѓ од Законот за контрола на опојни дроги. По целосно докумнетирање на случајот, во координација со јавен обвинител, против правните и одговорните лица ќе бидат поднесени соодветни пријави.

    На 19.07.2023 во 23.00 часот на ул.„Широк Дол“ во Штип, полициски службеници од СВР Штип го лишиле од слобода Л.А.(26) од Штип. Тој бил осуден на 12 години казна затвор за сторени кривични дела „кражба“ и „тешка кражба“, а бил баран по централна потерница за доиздржување на шест години од казната. Л.А. бил спроведен во Казнено-поправната установа Затвор Штип за доиздржување на казната. Инаку, при лишувањето на Л.А., полициските службеници биле спречувани од С.М.(27) од Штип. По документирање на случајот против не го ќе следува соодветен поднесок.    

     На 19.07.2023 во 06.40 часот, полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје го лишиле од слобода А.М.(44) од Скопје. При претрес во неговиот дом во с.Волково, скопско, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана и дигитална вага. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

    На 19/20.07.2023 во периодот од 23.00 до 04.00 часот, по преземени мерки и активности на патот од с.Бигор Доленци кон населба Бичинци во Кичево, полициски службеници од Мобилната единица за компезаторни мерки при Одделот за гранични работи и миграции го лишиле од слобода М.М.(24) од Кичево. При преглед во возилото „цитроен“ без регистарски ознаки, кое го управувал, биле пронајдени огревни дрва без документација, две моторни пили, а не поседувал и документи за возилото. Исто така, на патот од с.Бигор Доленци кон населба Бичинци било забележано и патничко возило „опел тигра“, но тоа не застанало на знак за запирање. Набрзо, возилото запрело, по што две лица кои се превезувале во него го напуштиле местото, а при преглед во возилото биле пронајдени огревни дрва. М.М., возилата, огревните дрва и моторните пиле биле предадени во Полициската станица Кичево за понатамошна постапка. По целосно расчистување и документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.     

    Денеска (20.07.2023) во 00.10 часот пред трговски центар на подрачјето на Чаир, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Е.А.(24) од Скопје затоа што кај него биле пронајдени и одземени марихуана и бела тврда материја. По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.

    На 19.07.2023 во 13.00 часот на подрачјето на Чаир, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода К.Е.(20) од Белгија, со живеалиште во Скопје, затоа што кај него биле пронајдени и одземени марихуана и кафеава тврда материја. По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.

    На 19.07.2023 во 21.30 часот на подрачјето на Чаир, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода А.Ц.(23) од од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.

    На 19.07.2023 во 23.20 часот на ул.„Кирил и Методиј“ во Штип, полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога при  СВР Штип го лишиле од слобода А.К.(20) од Штип затоа што кај него била пронајдена и одземена прашкаста материја. По документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

     На 20.07.2023 околу 00.10 часот на улица „Благоја Тоска“ во Тетово, полициски службеници на СВР Тетово го лишиле од слобода 18-годишниот М.К. од Швајцарија затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. Тој бил задржан во Полициската станица Тетово за расчистување и документирање на случајот, по што ќе му биде изготвен поднесок.

     На 19.07.2023, полициски службеници од Полициската станица за Граничен надзор Старавина при Регионалниот центар за гранични работи Југ, во содејство со инспектори од Одделението за прекуграничен криминал и трудова инспекција извршиле контрола во рудник во прилепско, при што било констатирано дека Ц.Ц.(37) од Република Турција незаконски престојувал во државата. Тој бил приведен и  против него ќе биде поднесен соодветен поднесок според Законот за Странци.

    На 19.07.2023 во 21.30 часот на Граничниот премин Богородица, полициски службеници ги лишиле од слобода И.Д.(19) и Н.А.(21), двајцата од Република Грција. При извршени гранични проверки, односно проверка во багажникот на патничко моторно возило „дачиа дастер“, во кое се превезувале, било пронајдено уште едно лице-грчки државјанин без документи. И.Д. и Н.А. биле задржани во полициска станица, а лицето без документи било предадено во Прифатно-транзитен центар за странци. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

    Во текот на вчерашниот ден (19.07.2023) Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 241 возач. Од нив 14 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а две возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа 124 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 117 надвор од населено место.

     Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (19.07.2023) продолжи со контролите во областа на сообраќајот. На територија на град Скопје изречени се вкупно 200 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 50 санкции, 11 мерки за возење без возачка дозвола, 21 санкција за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл, три санкции за возење под дејство на алкохол. Изречени се седум мерки за користење на мобилен телефон при возење и седум санкции за минување на затворен сигнал – црвено светло…

     На 19.07.2023 во периодот од 13.00 до 18.00 часот на автопатот Тетово-Скопје, во тетовско Желино, како и на улица „Илинденска“ во Тетово,  полициски службеници на СВР Тетово спровеле акциска контрола, при што откриле три патнички моторни возила со тетовски регистарски ознаки кои вршеле јавен превоз без потребните документи: „мерцедес“ управуван од 36-годишниот С.Е. од тетовско Добарце, „мерцедес“ што го управувал 64-годишниот А.Д. од тетовско Желино и „фолксваген голф“ управуван од 60-годишниот С.А. од тетовска Шипковица. По целосно документирање на настаните против тројцата возачи ќе следуваат соодветни поднесоци согласно Кривичниот законик.

    На 19.07.2023 на подрачјето на СВР Штип била спроведена акциска контрола на возачи кои управуваат возила со брзина поголема од пропишаната. За време на контролата биле констатирани 20 прекршоци, од кои 6 надвор од населено место и 14 во населено место. Санкционирани биле и 40 други видови на прекршоци, од кои 8 за управување возило без возачка дозвола, 4 за нерегистрирано возило, 3 за возач почетник, 6 за некористење сигурносен појас, 3 за користење мобилен телефон, 3 за некористење заштитна кацига  и 13 за непрописно паркирање.

    На 19.07.2023 во 12.45 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Втора Македонска Бригада“ во Скопје, патничко моторно возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Р.Х.(30) од с.Страчинци, скопско, удрило во пешакот Т.Ц.(44) од Република Турција, со престој во Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот констатирани во приватна болница. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

    Денеска (20.07.2023) во 00.20 часот во СВР Охрид било пријавено дека на магистралниот пат Кичево- Струга се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко моторно возило „фолксваген“ со охридски регистарски ознаки, управувано од Џ.Е.(75) од Охрид и патничко моторно возило „мерцедес“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од Б.К.(24) од с.Обршани, прилепско. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот Џ.Е., а со телесни повреди се здобила сопатничка од возилото „фолксваген“, Т.Е.(57) од Република Албанија, констатирани во специјалната болница „Св.Еразмо“ во Охрид. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Охрид.

    На 19.07.2023 во 12.25 часот Полициската станица Кочани било пријавено дека на ул.„Љупчо Сантов“ во Кочани се случила сообраќајна несреќа помеѓу мопед без регистарски ознаки, управуван од Т.Ј.(68) од Кочани и патничко моторно возило „опел астра“ со штипски регистарски ознаки, управувано од А.С.(43) од Кочани. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на мопедот констатирани во Клиничката болница Штип. Извршен бил увид од увидна екипа од Полициската станица Кочани. 

    На 19.07.2023 во 10.00 часот во Полициската станица Центар, Ј.С.Ј.(39) од Скопје пријавила дека во паркот Жена Борец, била касната од куче скитник. 

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img