МВР – Извадок на дел од дневните настани, 19.09.2023

Lorita
By Lorita 5 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

На 18.09.2023 околу 17.30 часот во тетовско Синичане, полициски службеници на СВР Тетово го привеле 56-годишниот С.Е. од ова село. Тој бил баран по потерница врз основа на судска наредба, за издржување на казна затвор од една година за сторено кривично дело „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“. Лицето било спроведено во Казнено-поправната установа Затвор Тетово за издржување на казната.

На 18.09.2023 во 23.40 часот во с.Сарај, скопско, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Ј.К.(45) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 18.09.2023 во 03.50 часот на Граничниот премин Стар Дојран, полициски службеници го лишиле од слобода Е.И.(56) од Република Турција, затоа што при пасошка контрола било констатирано дека датумот на важност на неговата патна исправа бил преправан со пенкало. Тој бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Во текот на вчерашниот ден (18.09.2023) Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 223 возачи. Од нив девет возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а едно возило се движело со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 117 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 106 надвор од населено место.

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (18.09.2023) продолжи со контролите во областа на сообраќајот. На територија на град Скопје изречени се вкупно 171 мерка, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 23 санкции, 15 мерки за возење без возачка дозвола, 12 мерки за користење мобилен телефон при управување, шест санкции за минување на затворен сигнал – црвено светло…

Секторот за внатрешни работи Битола во текот на вчерашниот ден (18.09.2023) продолжи со контролите во областа на сообраќајот. На територија на СВР Битола санкционирани се 90 возачи, меѓу кои 23 мерки за возење повеќе од дозволената брзина, 16 мерки за возење без возачка дозвола, 3 возачи за управување под дејство на алкохол, 19 санкции за непрописно паркирање. Изречени се шест санкции за користење на мобилен телефон при возење…

На 18.09.2023 во приодот од 10.00 до 15.00 часот на тетовското подрачје била спроведена акциска контрола на возачите и нивниот однос кон пешаците. При контролата, откриен и санкциониран бил 21 прекршок, односно исто толку возачи не им дале предност и не ги пропуштиле пешаците, најмногу на обележани пешачки премини. На сите возачи-прекршители им биле изготвени поднесоци со парична глоба која за овој вид прекршок, согласно Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, се движи од 200 до 250 евра во денарска противвредност, а за тие со изречена глоба од 250 евра, предвидена е и заштитна мерка-времено одземање на возачките дозволи од три месеци до една година. Покрај ова, санкционирани се и 12 други видови сообраќајни прекршоци.

На 18.09.2023 на подрачјето на СВР Штип била спроведена акциска контрола на возачи кои управуваат возила со брзина поголема од пропишаната. За време на контролата биле констатирани 29 прекршоци, од кои 17 надвор од населено место и 12 во населено место. Санкционирани биле и 15 други видови на прекршоци, од кои, 5 за управување возило без возачка дозвола, 2 за нерегистрирано возило, 1 за управување возило под дејство на алкохол, 1 за некористење сигурносен појас, 1 за користење мобилен телефон, 4 за непрописно паркирање и 1 за непрописно вградени фолии.

На 18.09.2023 во 17.45 часот во Полициската станица Карпош, М.К.(59) од Скопје пријавил дека кај Момин Поток бил каснат од куче скитник.

- Advertisement -
Ad image

На 18.09.2023 во СВР Битола, Б.Б.(39) од с.Лопатица, битолско, пријавил дека во с.Лопатица бил каснат од куче скитник.

На 18.09.2023 во СВР Битола, Г.Р.(65) од с.Новаци пријавил дека во с.Новаци бил каснат од куче скитник.

Share This Article