More

    МВР – Извадок на дел од дневните настани, 18.10.2024

    spot_img

    Денеска (18.10.2024) во 02.00 часот во Скопје, на подрачјето на Гази Баба, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Д.М.(20) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

    Денеска (18.10.2024) во 00.50 часот во Скопје, на подрачјето на Карпош, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Л.Ќ.(19) од Швајцарија, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

    На 17.10.2024 во 22.50 часот во Скопје, на подрачјето на Центар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Н.К.(18) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

    На 17.10.2024 во 22.30 часот во Скопје, на подрачјето на Центар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Б.Б.(33) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена прашкаста материја. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

    На 17.10.2024 во 21.30 часот во Скопје, на подрачјето на Драчево, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Н.С.(39) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

    На 17.10.2024 во 21.30 часот во Скопје, на подрачјето на Драчево, полициски службеници од Полициската станица Драчево го лишиле од слобода А.Б.(29) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена бела грутчеста материја. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

    На 17.10.2024 во 20.15 часот во Скопје, на подрачјето на Гази Баба, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Д.П.(21) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

    На 17.10.2024 во 06.50 часот во СВР Штип било пријавено дека на магистралниот пат Радовиш–Штип се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген голф“ со радовишки регистарски ознаки, управувано од Ѓ.А.(20) од село Лакавица, штипско и патничко возило „опел корса“ со штипски регистарски ознаки, управувано од М.С.(30) од Штип. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила М.С., додека Ѓ.А. се здобила со телесни повреди, констатирани во Клиничката болница Штип. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Штип.

    На 17.10.2024 во 11.00 часот на Граничниот премин Табановце, на влез во државата, полициски службеници го лишиле од слобода Б.Н.(70) од Република Турција поради тоа што при извршени проверки било констатирано дека за патничко возило „мерцедес бенз“ и приколка „кандил“ со турски национални ознаки приложил фалсификувани зелени карти. Тој бил предаден на полициски службеници во СВР Куманово за понатамошна постапка.

    На 17.10.2024 во 17.20 часот на Граничниот премин Богородица, на влез во државата, полициски службеници го лишиле од слобода И.С.(39) од Русија, кој управувал патничко возило „бмв х5“ со грчки национални ознаки, поради тоа што при извршени проверки било констатирано дека при контролата приложил фалсификувана возачка дозвола. Тој бил предаден во Одделението за прекуграничен криминал, миграции, странци и реадмисија Гевгелија за понатамошна постапка.

    На 17.10.2024 во 17.00 часот во Скопје на подрачјето на Карпош полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го привеле С.Ш.(25) од Скопје, затоа што кај него бил пронајден и одземен нож. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

    На 17.10.2024 во 12.55 часот во Полициската станица Центар, М.С.(42) од Скопје пријавил дека на ул.„Боемска“ во Скопје бил каснат од куче скитник.

    На 17.10.2024 во 12.00 часот во Полициската станица Кисела Вода, А.М.(42) од Скопје пријавила дека на подрачјето на Кисела Вода, нејзината малолетна ќерка била касната од куче скитник.

    На 17.10.2024 во 16.35 часот во Полициската станица Аеродром, К.А.(65) од Скопје пријавил дека на ул.„Владимир Комаров“ во Скопје бил каснат од куче скитник.

    На 17.10.2024 во 17.15 часот во Делчево, полициски службеници од Надворешната канцеларија за криминалистички работи Делчево го лишиле од слобода А.М.(26) од Делчево, затоа што при извршен претрес во неговиот дом со судска наредба биле пронајдени и одземени марихуана, дигитална вага и други предмети. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

    На 17.10.2024 во 13 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица – ОВР Гевгелија го лишиле од слобода С.В.(28) од Гевгелија. При претрес на две локации во Гевгелија кои ги користи лицето, по дадена судска наредба, биле пронајдени марихуана и предмет со остатоци од растителна материја. Лицето било задржано во Полициската станица Гевгелија, а за настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

    На 17.10.2024 во 22.30 часот на улица ,,Браќа Миладинови“ во Тетово полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода А.Б.(29) од Тетово, поради тоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. Тој е задржан во полициска станица и по документирање на случајот против него ќе следува соодветен поднесок.

    На 17.10.2024 во 15.20 часот полициски службеници од ОВР Гостивар го привеле А.К.(43) од с. Леуново, кој бил баран со потерница по судска наредба за издржување на затворска казна за сторено кривично дело ,,нелегално производство и пуштање во промет на наркотични средства, психотропни супстанции и прекурсори“ казниво по член 215 од КЗ. А.К. е предаден во затворот во Тетово за издржување на казната.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img