More

    МВР – Извадок на дел од дневните настани 18.05.2023

    spot_img

    Денеска (18.05.2023), полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје го лишиле од слобода А.П.(35) од Скопје. При претрес во негови простории на две локации во Скопје, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени муниција,  автоматски пиштол „Шкорпион“, пиштол непозната марка и калибар и две ловечки пушки. Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

    На 17.05.2023 во 20.30 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода З.Б.(55) од село Младо Нагоричане, општина Старо Нагоричане. Тој бил затекнат при обид да одземе предмети од поранешен угостителски објект во населба Карпош во Куманово. Исто така, тој се сомничи дека изминатиов месец извршил три кражби при што одзел предмети и пари. З.Б. бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

    На 17.05.2023, полициски службеници од Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР Скопје во координација со инспектори од Државниот пазарен инспекторат извршиле контрола во пет менувачници со Старата скопска  чаршија на подрачје на Бит Пазар. При контролата било констатирано дека две менувачници не поседуваат никаква документација регистриран правен субјект ниту Дозвола за менувачко работење од Народната банка на Република северна Македонија. Против сопствениците на двете менувачници, од Државниот пазарен инспекторат ќе биде изготвен соодветен поднесок.

    СВР Скопје – ЕВР Центар и Бит Пазар и ЕВР Карпош поднесе кривична пријава против Џ.Љ.(34) од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „тешка кражба“ по член 236 од Кривичниот законик. Во претходниот период, пријавениот извршил повеќе тешки кражби во возила на подрачјето на Центар и Карпош. По преземени мерки и активности, на 16.05.2023 тој бил лишен од слобода и во координација со јавен обвинител му е поднесена пријавата. Џ.Љ. бил изведен пред судија на претходна постапка, кој му определил мерка притвор.

    На 17.05.2023 во 23.00 часот на подрачје на Кисела Вода, полициски службеници го лишиле од слобода М.Е.(21) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

    Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (17.05.2023) продолжи со контролите во областа на сообраќајот. На територија на град Скопје изречени се вкупно 176 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 46 санкција, 10 мерки за возење без возачка дозвола, осум санкции за непочитување на првенство на минување. Изречени се шест мерки за возење под дејство на алкохол, шест санкции минување на затворен сигнал (црвено светло), четири мерки за нерегистрирани возила…

    Во текот на вчерашниот ден (17.05.2023) Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 132 возачи. Притоа 90 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 42 надвор од населено место.

    Во текот на вчерашниот ден (17.05.2023) во периодот од 07.00 до 12.00 часот Министерството за внатрешни работи спроведе акциска контрола за првенство на минување на територијата на Република Северна Македонија, при што санкционирани се 63 возачи. Од нив, 16 на територијата на СВР Битола, 12 на територија на СВР Тетово… За време на контролата санкционирани се и 140 други видови на прекршоци.

    На 17.05.2023 на подрачјето на СВР Штип била спроведена акциска контрола на возачи кои управуваат возила со брзина поголема од пропишаната. За време на контролата биле констатирани 6 прекршоци од кои 4 во населено место и 2 надвор од населено место. Санкционирани биле и 41 други видови на прекршоци, од кои, 7 за управување возило без возачка дозвола, 3 за управување возило под дејство на алкохол, 1 за возач почетник, 5 за нерегистрирано возило, 2 за непочитување првенство на минување, 3 за недавање првенство на минување на пешаци, 8 за некористење сигурносен појас, 1 за користење мобилен телефон, 1 за непрописно престигнување, 9 за непрописно паркирање и 1 за непрописно вградени фолии.

    На 17.05.2023 во 09,05 часот во Полициската станица Кичево било пријавено дека на регионалниот пат Кичево-с.Осломеј, патничко моторно возило „фолксваген џета“ со кичевски регистарски ознаки, управувано од А.С.(22) од Кичево, удрило во велосипед управуван од Ќ.А.(64) од Кичево. Во несреќата велосипедистот се здобил со тешки телесни повреди констатирани во Медицински центар Кичево. Увид на местото на настанот извршила екипа од Полициска станица Кичево.

    На 18.05.2023 вo 03.35 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Осло“ во Скопје, мопед „хамачи“ со скопски регистарски ознаки, управуван од Б.А.(52) од Скопје, удрил во паркирано патничко моторно возило „рено талисман“ со скопски регистарски ознаки, паркирано од Б.М.(48) од Скопје. По несреќата, Б.А. бил пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ каде му биле констатирани тешки телесни повреди. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје.

    На 17.05.2023 во 19.00 часот во Полициската станица Неготино било пријавено дека на крстосница на ул.„Ленинова“ со ул. „Даме Груев“ во Неготино, В.К.(33) од Неготино управувајќи мотоцикл „јамаха“ без регистарски ознаки, изгубил контрола и удрил во куќа, по што го напуштил местото. По несреќата, во болницата во Неготино на В.К. му биле констатирани тешки телесни повреди. За настанот бил известен Јавен обвинител, а увид на местото на настанот извршила екипа од Полициска станица Неготино.

    На 17.05.2023 во 21.00 часот во Полициската станица Гостивар било пријавено дека на патот Гостивар-с.Чегране се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко моторно возило „фолксваген бора“ со гостиварски регистарски ознаки, управувано од А.М.(63) од с.Чегране и мотоцикл „априлиа“ без регистарски ознаки, управуван од малолетник с.Форино. Во несреќата малолетен сопатник на мотоциклот од с.Форино се здобил со тешки телесни повреди констатирани во Медицински центар во Гостивар. Увид на местото на настанот извршила екипа од Полициската станица Гостивар.

    На 17.05.2023 во 19.50 часот во Полициското одделение Петровец, К.Т.(80) од Скопје пријавил дека во населба Илинден – Скопје бил каснат од куче скитник.

    На 17.05.2023 во 17.00 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, О.Н.(37) од Скопје пријавил дека на ул.„Алексо Демниевски“ бил каснат од куче скитник.

    На 17.05.2023 во СВР Битола, Н.Н.(27) од Битола пријавила дека во с.Лавци нејзиниот малолетен син бил каснат од куче скитник.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img