More

    МВР – Извадок на дел од дневните настани, 16 Февруари, 2024

    spot_img

    На 15.02.2024 во Битола, полициски службеници од СВР Битола ги лишиле од слобода И.Н.(28) и И.Ч.(24), двајцата од Битола. При претрес во домот на И.Н., извршен со судска наредба, била пронајдена и одземена марихуана. Додека, при претрес во домот на И..Ч., извршен, исто така, со судска наредба, била пронајдена и одземена дробилка со остатоци од марихуана. По целосно документирање на случајот против лицата ќе биде поднесена соодветна пријава.

     На 15.02.2024 во Велес, полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода Е.Ј.(39) од Велес. Тој се сомничи дека претходно извршил кражба во домот на Ќ.В.(71) од Велес, при што одзел повеќе предмети. Одземеното било пронајдено и ќе биде вратено на сопственикот. Е.Ј. бил задржан во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

     Вчера (15 февруари) околу 12.10 часот на улица „Гоце Делчев“ во Гостивар, полициски службеници на СВР Тетово-Одделение за внатрешни работи Гостивар го лишиле од слобода 19-годишниот И.С. од гостиварско Страјане. Тој се сомничи дека заедно со уште едно лице извршил тешки кражби во куќи во гостиварските села Беловиште и Балиндол. По целосно расчистување и документирање на случајот, ќе следуваат соодветни пријави.

     Полициски службеници на СВР Тетово, вчера (15 февруари) околу 11.00 часот во тетовско Милетино го привеле 40-годишниот Н.М. од ова село. Тој бил баран по централна потерница врз основа  на судска наредба за издржување затворска казна за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. Лицето било спроведено во Казнено-поправната установа Затвор Тетово за издржување на казната.

     На 15.02.2024 во Кичево, полициски службеници од Полициската станица Кичево го лишиле од слобода Л.З.(23) од с.Длапкин Дол, кичевско. Околу 08.10 часот на кружен тек од магистралниот пат А2 и ул.„Борис Кидрич“ во Кичево, тој со патничко возило „опел“ со охридски регистарски ознаки удрил во полициски службеник кој извршувал службени дејствија, регулација на сообраќајот. Притоа, полицискиот службеник се здобил со тешки телесни повреди констатирани во Општа болница Кичево. Извршен бил увид од Јавен обвинител и увидна екипа од Полициската станица Кичево. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

    Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (15.02.2024) продолжи со контролите во областа на сообраќајот. На територија на град Скопје изречени се вкупно 155 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина девет санкции, 12 мерки за возење без возачка дозвола, седум санкции за поминување на затворен сигнал – црвено светло, девет санкции за користење мобилен телефон при возење, 17 мерки за управување под дејство на алкохол…

    На 15.02.2024 во 14.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на паркинг простор на ул.„Бранислав Нушиќ“ во Скопје, патничко возило „форд“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Г.Г.(45) од Скопје удрило во пешакот Ц.Н.(75) од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Ц.Н. констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

     Вчера (15 февруари) во 14.45 часот во СВР Тетово било пријавено дека на кружниот тек на улица „Маршал Тито“ во Тетово се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген голф“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од 23-годишниот тетовец А.З. и „фолксваген тигуан“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од 34-годишниот тетовец Љ.А.. Во несреќата, возачот Љ.А. се здобил со тешки телесни повреди констатирани во тетовската Клиничка болница. На местото на несреќата увид извршила екипа од СВР Тетово.

    На 15.02.2024 во 11.30 часот во Полициската станица Гази Баба, Р.Д. (57) од Скопје пријавил дека на ул.„Трифун Хаџи Јанев“ во Скопје бил каснат од куче скитник.   

    На 15.02.2024 во 14.10 часот во Полициската станица Велес, В.Г.(20) од Велес пријавила дека на улица „Стеван Бобев“ во Велес била касната од куче скитник.

    На 15.02.2024 во 17.30 часот во Полициската станица Велес, Д.Ѓ.(23) од Велес пријавил дека на улица „Никола Карев“ во Велес бил каснат од куче скитник. 

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img