Денеска (15.05.2023) во 10.45 часот на ул.„Индира Ганди“ во Скопје, полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје го лишиле од слобода М.К.(22) од Скопје. Тој бил баран по централна потерница врз основа на наредба на Основен кривичен суд Скопје за издржување затворска казна од една година за сторено кривично дело „насилство“ по член 386 од Кривичниот законик. Лицето ќе биде спроведено во надлежната казнено-поправна установа за издржување на казната.
На 14.05.2023 во 22.30 часот на подрачје на Центар, полициски службеници го лишиле од слобода В.Ц.(26) од Скопје, затоа што кај него биле пронајдени и одземени марихуана и прашкаста материја. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.
На 15.05.2023 во 00.20 часот на подрачје на Центар, полициски службеници го лишиле од слобода Б.Н.(26) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена прашкаста материја. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.
На 14.05.2023 во 15.30 часот на Граничен премин „Долно Блаце“, полициски службеници го привеле А.Д.(36) од Косово, затоа што по извршена проверка било констатирано дека патничкото возило „бмв“ со белгиска национална ознака, кое го управувал, било предмет на барање од Секторот за меѓународна полициска соработка – Интерпол. Лицето и возилото биле предадени на полициски службеници од Одделението за криминалистички работи при ЕВР Чаир за понатамошна постапка.
Во текот на вчерашниот ден (14.05.2023) Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 640 возачи. Од нив 51 возило се движело со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а седум возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа 320 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 320 надвор од населено место.
Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (14.05.2023) продолжи со контролите во областа на сообраќајот. На територија на град Скопје изречени се вкупно 138 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 56 санкција, 17 мерки за возење без возачка дозвола, 10 санкции за возење под дејство на алкохол. Изречени се пет мерки за користење мобилен телефон при возење, шест санкции за некористење сигурносен појас, пет мерки за минување на затворен сигнал (црвено светло)…
Вчера (14.05.2023) во периодот од 16.00 до 22.00 часот на територијата на СВР Битола спроведена e засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваaт возило со брзина поголема од пропишаната, при што санкционирани се 97 возачи од кои (31-Прилеп, 19-Битола, 28 Ресен, 6-Демир Хисар, 13-Македонски Брод). Од вкупно 97 возачи, 58 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 38 надвор од населено место. На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци.
На 14.05.2023 во периодот од 16.00 до 22.00 часот, Секторот за внатрешни работи Тетово спроведе акциска контрола за санкционирање на возила кои управуваат возила со брзина поголема од дозволената. Притоа, биле откриени и санкционирани 70 возачи кои ја пречекориле максимално дозволената брзина надвор од населено место (ТЕ-32 и ГВ-38). Три од нив (ТВ) пречекориле за повеќе од 70 километри на час, 29 (ТЕ-13 и ГВ-16) од 50 до 70 километри на час, итн. При контролата, исто така, санкционирано е и 31 возило (ТЕ) кое ја пречекорило пропишаната брзина во населено место, како и 2 (ТЕ) други видови сообраќајни прекршоци. На сите возачи прекршители изготвени им се законски предвидените поднесоци и зависно од тоа за колку пречекориле ќе се соочат со парични глоби, кои за овој вид прекршок се движат од 20 до 400 евра во денарска противвредност. За екстремно брзите предвидено е и времено одземање на возачките дозволи од три месеци до една година.
На 14.05.2022 во периодот од 16.00 до 22.00 часот на подрачје на Секторот за внатрешни работи Струмица била спроведена контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возила со брзина поголема од дозволената. Притоа, биле констатирани 81 пречекорување на брзината, од кои 43 на подрачје на Радовиш, 18 на подрачје на Струмица, 12 на подрачје на Гевгелија и 8 на подрачје на Валандово. Сите констатирани прекршоци биле соодветно санкционирани.
На 14.05.2023 на подрачјето на СВР Штип била спроведена акциска контрола на возачи кои управуваат возила со брзина поголема од пропишаната. За време на контролата биле констатирани 55 прекршоци, од кои 32 надвор од населено место и 23 во населено место. На 13/14.05.2023 во периодот од 22.00 до 04.00 часот била спроведена акциска контрола на возачи кои управуваат возила под дејство на алкохол. Притоа, биле санкционирани 22 возачи. Санкционирани биле и 11 други видови на прекршоци, од кои, 6 за управување возило без возачка дозвола, 1 за возач почетник, 2 за нерегистрирано возило, 1 за некористење сигурносен појас и 1 за непрописно паркирање.
На 14.05.2023 во 14.45 часот во Полициската станица Гостивар било пријавено дека на регионалниот пат Маврово – Гостивар, во близина на Мавровска крстосница, патничко возило „фолксваген поло“ со гостиварски регистарски ознаки, управувано од Ј.Ј.(64) во с.Беловиште, излетало надвор од коловозот. Во несреќата, сопатничката во возилото, Б.Ј.(66) од Гостивар, се здобила со тешки телесни повреди, а сопатничката Е.Н.(67) од Гостивар со телесни повреди, констатирани во Ургентен центар Гостивар. По насока на Јавен обвинител, увид на местото на несреќата извршила екипа од Полициска станица Гостивар.
На 14.05.2023 во 20,30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на бул.„ВМРО“ во Скопје, патничко возило „опел корса“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Ј.Х.(34) од Скопје, удрило во С.П.(33) од Словачка. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот С.П., констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје.
На 14.05.2023 во Полициската станица Велес, Г.П.(24) од Прилеп пријавила дека ул.„Благој Ѓорев“ во Велес била касната од куче скитник.
На 14.05.2023 во 16.50 часот во Полициската станица Карпош, В.А.(25) од Скопје пријавила дека на подрачје на Карпош била касната од куче скитник.