More

    МВР – Извадок на дел од дневните настани, 15.04.2024

    spot_img

    Денеска (15.04.2024) во 01.20 часот на подрачјето на Бит Пазар во Скопје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода А.Ф.(41) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена прашкаста материја. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

    На 14.04.2024 во 17.20 часот на подрачјето на Карпош во Скопје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје лишиле од слобода малолетник од Скопје, затоа што кај него биле пронајдени и одземени марихуана и грутчеста материја. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

    На 14.04.2024 во 22.10 часот во с.Трубарево, скопско, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода А.С.(21) од с.Идризово, скопско, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

    На 14.04.2024, полициски службеници од ОВР Неготино ги лишиле од слобода Б.А.(49) од с.Никуштак, општина Липково, Р.М.(49) од с.Вакуф, кратовско и Б.А.(36) од с.Орланци, скопско. Од припадници на армијата тие биле затекнати со патничко возило „сеат алхамбра“ со скопски регистарски ознаки во армискиот полигон Криволак. При преглед во возилото биле пронајдени металдетектори и скенер за вршење археолошки истражувања и алат за вршење ископ. По целосно документирање на случајот, во координација со јавен обвинител, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

    Во текот на вчерашниот ден (14.04.2024) Министерството за внатрешни работи спроведе акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 715 возачи. Од нив 55 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а шест возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 336 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 379 надвор од населено место.

    Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (14.04.2024) продолжи со контролите во областа на сообраќајот. На територија на град Скопје изречени се вкупно 181 меркa, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 114 санкции, 14 мерки за возење без возачка дозвола, четири санкции за минување на затворен сигнал – црвено светло, девет мерки за управување под дејство на алкохол…

    На 14.04.2024 во периодот од 14.00 до 19.00 часот на подрачјето на СВР Тетово спроведена е акциска контрола за санкционирање на возачи управуваат возило со брзина поголема од дозволеното. При контролата биле откриени и санкционирани вкупно 108 пречекорувања на максимално дозволената брзина. Од нив, 65 пречекорувања се регистрирани надвор од населено место (ТЕ-40 и ГВ-25), од кои 4 возачи (ТЕ-3 и ГВ-1) пречекориле за над 70 километри на час повеќе од дозволеното, а 28 возачи (ТЕ-23 и ГВ-5) за над 50 километри на час повеќе од дозволеното. При контролата, исто така, санкционирани се и 43 пречекорувања на брзината во населено место (ТЕ-33 и ГВ-10), а санкционирани се и 2 други видови сообраќајни прекршоци (ТЕ-1 и ГВ-1). На возачите прекршители изготвени им се предвидените поднесоци.

    На 14.04.2024 во 12.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на автопатот Скопје– Велес, во близина на тунел Бадар, мотоцикл „дукати“ со гостиварски регистарски ознаки, управуван од Е.А.(42) од Гостивар, излетал надвор од коловозот. Од здобиените повреди на местото на несреќата починал мотоциклистот, а смрт констатирал лекар од Итната медицинска помош. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

    На 14.04.2024 во 21.15 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосница од ул.„1“ и ул.„2“ на Кадински пат се случила сообраќајна несреќа помеѓу мопед, управуван од малолетник од с.Кадино, општина Илинден и патничко возило „киа“, управувано од И.А.(40) од с.Мралино, општина Илинден, двете со скопски регистарски ознаки. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на мопедот, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

    На 13.04.2024 во 10.38 часот во СВР Битола било пријавено дека на стариот пат Ѓавато-Тополчани, патничко возило „киа“ со битолски регистарски ознаки, управувано од П.С.(70) од Битола, излетало од коловозот. Во несреќата со повреди се здобиле возачот и сопатничката Н.С.(65), констатирани во Медицинскиот центар Битола, каде што биле задржани на лекување, а на 14.04.2024 возачот П.С. им подлегнал на повредите. По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот било предадено на обдукција.

    На 14.04.2024 во 10.30 часот во Полициската станица Гази Баба, Љ.З.(53) од Скопје пријавил дека на ул.„Методија Андонов Ченто“ во Скопје бил каснат од куче скитник.

    На 14.04.2024 во 16.30 часот во Полициската станица Драчево, Б.Ш.(33) од с.Морани, скопско, пријавил дека во с.Морани неговиот малолетен син бил каснат од куче скитник.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img