More

    МВР – Извадок на дел од дневните настани, 12 Март, 2024

    spot_img

    По преземени мерки и активности, полициски службеници од Одделението за внатрешни работи Свети Николе при СВР Штип расчистија 10 кривични дела „тешка кражба“ извршени на 10.03.2024 од продажни објекти во Градскиот пазар во Свети Николе од каде биле одземени разни предмети и пари. Поради постоење основи на сомнение дека ги извршил кривичните дела од слобода е лишен В.Б.(41) од Свети Николе.Тој бил задржан во полициска станица и во службен разговор ги признал кривичните дела, а поголем дел од одземените предмети биле пронајдени и вратени на оштетените граѓани. По целосно документирање на случаите, против него ќе биде поднесена соодветна кривични пријави.

     На 11.03.2024 во 14.00 часот во с.Волково, скопско, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода Љ.С.(48) од с.Блаце, скопско. Околу 13.20 часот во с.Орман, скопско, полициски службеници запреле патничко возило „фолксваген голф“, кое го управувал Љ.С., а кое било натоварено со огревно дрво. Набргу, на местото пристигнало уште едно лице со патничко возило „форд галакси“, по што истоварило дел од дрвата во возилото „голф“, ги зело клучевите од Љ.С. и го напуштило местото. При обид да го спречат, Љ.С. ги попречувал полициските службеници, по што и тој се обидел да побегне со возилото „галакси“, но бил лишен од слобода. По целосно расчистување и документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.

    На 12.03.2024 околу 00.20 часот на наплатна станица Сопот,  полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија за дрога и оружје при СВР Велес го лишиле од слобода Р.А.(45) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена бела прашкаста материја. Известен бил јавен обвинител и по целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

     На 11.03.2024 во 23.20 часот, полициски службеници од ОВР Неготино го лишиле од слобода М.А.(33) од Скопје. При преглед во возилото „фолксваген пасат“ со неготински регистарски ознаки, во кое се превезувал како сопатник, кај него била пронајдена и одземена грутчеста материја. По документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

     Денеска (12.03.2024) во 00.30 часот на Средно Водно, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Ј.Б.Е.(19) од Република Турција, со престој во Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

     Денеска (12.03.2024) во 00.50 часот на подрачјето на Чаир во Скопје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода А.Р.(35) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

    На 11.03.2024 во 13.25 часот на подрачјето на Центар во Скопје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода А.А.(32) од Скопје затоа што кај него биле пронајдени и одземени прашкаста материја и два ножа. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

     На 11.03.2024 во 14.40 часот во с.Стајковци, скопско, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје ги лишиле од слобода Д.М.(23), Х.Ц.(21) и К.Х.(22), сите од Скопје, затоа што кај нив биле пронајдени и одземени марихуана и бела грутчеста материја. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

     Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (11.03.2024) продолжи со контролите во областа на сообраќајот. На територија на град Скопје изречени се вкупно 129 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 12 санкции, 13 мерки за возење без возачка дозвола, девет санкции за минување на затворен сигнал – црвено светло, седум мерки за некористење на сигурносен појас…   

     На 11.03.2024 во 20.00 часот во Полициската станица Чаир, К.Т.(61) од Скопје пријавил дека на ул.„Марко Крале“ во Скопје бил каснат од куче скитник.

     На 11.03.2024 во 12.30 часот во СВР Куманово, А.И.(57) од Куманово пријавил дека на улицата „Јоско Илиевски“ во Куманово  бил каснат од куче скитник. 

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img