На 11.11.2024 во 18.45 часот во с.Маково, општина Новаци, полициски службеници од СВР Битола ги лишиле од слобода А.Ј.(35), И.П.(32) и Ф.К.(39), сите од Битола. При преглед на патничко возило „рено” со прилепски регистарски ознаки, сопственост на Ф.К., биле пронајдени и одземени две пушки, околу 50 куршуми со различен калибар, како и делови за оружје и други метални предмети за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривично дело. Лицата се приведени во Полициска станица Битола и по документирање на настанот, против нив ќе следуваат соодветни поднесоци.
На 11.11.2024 во 12.40 часот во с.Долно Палчиште, општина Боговиње, полициски службеници од Полициското одделение Камењане го лишиле од слобода И.С.(43) од с.Селце Кеч, општина Боговиње, a во 17.30 часот на булевар „Браќа Ѓиноски“ во Гостивар, полициски службеници од ОВР Гостивар го лишиле од слобода С.Ш.(42), исто така, од с.Селце Кеч. Тие се сомничат дека извршиле повеќе тешки кражби на подрачјето на Гостивар и општина Врапчиште, каде што одзеле добиток и разни видови на работни и други машини. Тие биле задржани во Полициската станица Гостивар и кај нив биле пронајдени предмети кои потекнуваат од кривичните дела, кои ќе им бидат вратени на сопствениците. По целосно документирање на случаите, против нив ќе следуваат соодветни поднесоци.
На 11.11.2024 во 15.40 часот, полициски службеници од ОВР Кавадарци го привеле И.В.(38) од Кавадарци, кој бил баран по потерница врз основа на наредба од Основен суд Битола поради бегство од Казнено – поправната установа Затвор Идризово. Лицето било спроведено во установата за доиздржување на казната.
На 11.11.2024 во 13.30 часот, полициски службеници од СВР Куманово ја лишиле од слобода М.М. (41) од Куманово. Таа се сомничи дека истиот ден на Градскиот плоштад во Куманово на С.П. му го одзела паричникот. М.М. била приведена во полициска станица и по целосно документирање на случајот против неа ќе следува соодветна пријава.
На 11.11.2024 во 21.15 часот во Скопје, на подрачјето на Кисела Вода, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода М.К.(40) од Скопје затоа што кај него биле пронајдени и одземени марихуана и дробилка со остатоци од марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 11.11.2024 во 11.50 часот во Скопје, на подрачјето на Чаир, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Е.Т.(43) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена бела прашкаста материја. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 11.11.2024 во 20.40 часот во с.Инџиково, скопско, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го привеле И.Ф.(32) од с.Инџиково затоа што кај него бил пронајден и одземен нож. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 11.11.2024 во 20.30 часот во Скопје, на подрачјето на Центар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го привеле К.Н.(19) од Скопје затоа што кај него бил пронајден и одземен нож. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 11.11.2024 во 18.40 часот во Полициската станица Неготино било пријавено дека на автопатот Демир Капија – Гевгелија, после првиот тунел кај Демир Капија, товарно возило „ман“ со приколка со скопски регистарски ознаки, управувано од З.К.(54) од с.Инџиково, скопско, удрило во заштитна ограда. На местото на настанот починал возачот, а лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт. Извршен бил увид од Јавен обвинител и увидна екипа од ОВР Неготино. По наредба на јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција.
На 11.11.2024 во 23.40 часот во Полициската станица Гази Баба, И.П.(33) од с.Булачани, скопско, пријавил дека на ул.„Лазар Поп Трајков“ во Скопје бил каснат од куче скитник.
На 11.11.2024 во 22.35 часот во Полициската станица Гази Баба, С.Б.(36) од Скопје пријавил дека на ул.„Жан Жорес“ во Скопје, неговиот малолетен син бил каснат од куче скитник.