На 11.04.2023, полициски службеници од криминалистичката полиција при СВР Битола го лишиле од слобода С.Б.(28) од Битола. Тој се сомничи дека на 04.04.2023 со употреба на сила и погоден алат влегол во деловна просторија на бул.„1 Мај“ во Битола и одзел предмети. С.Б. бил задржан во полициска станица и во службен разговор го признал делото, а одземеното било пронајдено и вратено на сопственикот. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 11.04.2023 околу 21.20 часот во дворното место на Т.Ј. во село Дедино, радовишко, полициски службеници од ОВР Радовиш пронашле товарно возило „ман“ со радовишки регистарски ознаки, натоварено со 11 кубни метри огревни дрва. Притоа, во координација со Шумска полиција Радовиш било утврдено дека лицето не поседува соодветна документација за огревните дрва, по што товарното возило и дрвата биле одземени и пренесени во кругот на Јавното претпријатие „Национални шуми“ – подружница „Плачковица“ Радовиш за натамошна постапка. Нешто пред тоа, во 10.40 часот, полициски службеници од Одделението за внатрешни работи Радовиш во координација со вработени од Шумска полиција Радовиш извршиле контрола и во дворно место на У.Д.(53) од село Коџалија, радовишко, пронашле поголема количина дабови огревни дрва. При контролата било утврдено дека лицето не поседува соодветна документација за 4 кубни метри огревни дрва, по што тие биле одземени и пренесени во кругот на Јавното претпријатие „Национални шуми“ подружница „Плачковица“ Радовиш за натамошна постапка. По документирање на случаите ќе следуваат соодветни пријави.
На 12.04.2023 во 01.20 часот пред казино на подрачјето на Кисела Вода, полициски службеници од Полициската станица Кисела Вода го лишиле од слобода Е.Б.Б.(30) од Скопје, затоа што кај него биле пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.
На 12.04.2023 на ул„Пере Тошев“ во Прилеп, полициски службеници од СВР Битола-ОВР Прилеп ги лишиле од слобода Е.Ш.(35) и Е.Р.(35), двајцата од Прилеп. При преглед на патничко возило „фолксваген голф“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од Е.Ш., а сопатник бил Е.Р.(35), кај Е.Ш. била пронајдена и одземена прашкаста материја. По документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 11.04.2023 на патот Градско-Прилеп (превој Плетвар), полициски службеници од ОВР Прилеп ги лишиле од слобода Г.Ј.(54) од Прилеп и З.Р.(53) од Прилеп. При преглед на патничко такси возило „ауди а4“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од Г.Ј., во кое се превезувал З.Р., биле пронајдени ќеси со 4.000 капсули трамадол без документација. По документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 11.04.2023 vо 18.25 чaсот од Градска општа болница „Св.Наум Охридски“ било пријавено дека кај нив бил донесен малолетник од Скопје, кој според пријавеното подлегнал на повредите како последица од напад од куче, сопственост на неговиот сосед Н.Г.. Известен е јавен обвинител по чија наредба телото е предадено за обдукција и се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Во текот на вчерашниот ден (11.04.2023) Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 264 возачи. Од нив 10 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а едно возило се движело со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа 132 возила ја пречекорилe брзината во населено место, а исто толку (132) надвор од населено место.
Во текот на вчерашниот ден (11.04.2023), во периодот од 09.00 до 14.00 часот, Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на прекршоци што ги прават пешаците. При контролата, санкционирани се 220 пешаци од кои, 204 за небезбедно преминување на улица надвор од пешачки премин… За време на контролата санкционирани се и 107 други видови на прекршоци.
Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (11.04.2023) продолжи со контролите во областа на сообраќајот. На територија на град Скопје изречени се вкупно 203 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 63 санкции, осум мерки за возење без возачка дозвола, 32 санкции за прекршоци што ги прават пешаците. Изречени се 18 санкции за непрописно престројување на возила, пет мерки за минување на затворен сигнал (црвено светло), пет санкции за недевање првенство на минување на пешаци…
На 11.04.2023 во периодот од 09.00 до 14.00 часот Секторот за внатрешни работи Битола спроведе акциска контрола на територијата на СВР Битола за санкционирање на прекршоци што ги прават пешаците. При контролата, санкционирани се 37 пешаци.
За време на контролата регистрирани се и 4 останати прекршоци.
На 11.04.2023 во периодот од 09.00 до 14.00 часот, полициски службеници на СВР Тетово спровеле акциска контрола за санкционирање на прекршоци што ги прават пешаците. При контролата биле констатирани и санкционирани 31 прекршок (ТЕ-23 и ГВ-8). Сите се однесувале на преминување на улиците надвор од обележан пешачки премини, по што на пешаците-прекршители им биле изготвени соодветни поднесоци, со напомена дека предвидените парични глоби за ваквите прекршоци се движат од 20 до 50 евра во денарска противвредност, а прекршителите ќе бидат повикани и на таканаречена сообраќајна поука. При контролата, исто така, санкционирани се и 15 (ТЕ) други видови прекршоци.
На 11.04.2023 во периодот од 09.00 до 14.00 часот на подрачјето на СВР Штип била спроведена акциска контрола на прекршоци што ги прават пешаците во сообраќајот. За време на контролата биле констатирани 22 прекршоци, од кои 20 за преминување надвор од пешачки премин и 2 за некористење површина наменета за пешаци. Истиот ден, на подрачјето на СВР Штип била спроведена акциска контрола на возачи кои управуваат возила со брзина поголема од пропишаната. За време на контролата биле констатирани 13 прекршоци, од кои 9 во населено место и 4 надвор од населено место.
Санкционирани биле и 9 други видови на прекршоци, од кои 3 без возачка дозвола, 2 за возач почетник, 2 за некористење сигурносен појас, 1 за користење мобилен телефон и 1 за непрописно паркирање.
На 11.04.2023 во 08.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Иван Хаџи Николов“ во Скопје, патничко возило „фиат пунто“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Б.Ј.(57) од с.Долно Лисиче, удрило во пешакот Ј.Т.(37) од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.
На 11.04.2023 во 14.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека во с.Визбегово, скопско, патничко возило „бмв“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Џ.Ј.(52), удрило во пешаците Љ.С.(79) и И.Т.(61), двајцата од с.Визбегово. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле двајцата пешаци и возачот, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ и Градската општа болница „8 Септември“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.
На 11.04.2023 во 21.30 часот во Полициската станица Чаир, С.В.(23) од Скопје пријавила дека во населбата Радишани била касната од куче скитник.
На 11.04.2023 во 14.30 часот во СВР Тетово било пријавено дека на крстосницата од бул.„Видое Смилевски-Бато” со ул.„Љубо Божиноски-Пиш“ во Тетово, патничко возило „бмв“ удрило во пешакот А.Б.(45) од Тетово, по што го напуштило местото. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Клиничката болница Тетово. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Тетово и се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 11.04.2023 во 20.25 часот во Полициската станица Аеродром, А.Т.(39) од Скопје пријавила дека на ул.„Блажо Орландиќ“ била касната од куче скитник.