More

    МВР – Извадок на дел од дневните настани 10.04.2023

    spot_img

    На 09.04.2023 на ул„Тризла“ во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп го лишиле од слобода Е.В.(42) од Прилеп. Тој бил баран по потерница врз основа на наредба од Основен суд Прилеп за издржување на казна затвор од една година. Лицето било спроведено во Казнено-поправната установа Затвор Битола за издржување на казната.

    На 09.04.2023 во 19.30 часот, полициски службеници од ЕВР Карпош и ЕВР Центар и Бит Пазар ги лишиле од слобода Б.Ј.(23) и А.А.(29), двајцата од Скопје. Тие биле затекнати при извршување кражба во куќа на ул.„Фјодор Достоевски“, при што одзеле повеќе предмети. Лицата биле задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

    На 09.04.2023 околу 17.00 часот, полициски службеници на СВР Тетово ги лишиле од слобода Б.Џ.(18) од Република Косово и Б.Г.(47) од Тетово, затоа што кај нив била пронајдена и одземена марихуана. Двајцата биле задржани во Полициската станица Тетово за расчистување и документирање на случајот и против нив ќе следуваат соодветни поднесоци.

    На 09.04.2023 во 21.50 часот на подрачјето на Ѓорче Петров, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода С.Ш.(24) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.

    Во текот на вчерашниот ден (09.04.2023) Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 648 возачи. Од нив 24 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а пет возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 345 возила ја пречекорилe брзината во населено место, а 303 надвор од населено место.

    Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (09.04.2023) продолжи со контролите во областа на сообраќајот. На територија на град Скопје изречени се вкупно 130 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 72 санкции, 10 мерки за возење без возачка дозвола, четири санкции за возење под дејство на алкохол. Изречени се четири мерки за користење мобилен телефон при возење, три санкции за минување на затворен сигнал (црвено светло)…

    Во текот на изминатиот викенд, полициски службеници од Куманово спроведоа акциска контрола за санкционирање на возачи кои не ги почитуваат сообраќајните прописи, при што на подрачјето на Куманово санкционирани се вкупно 121 возачи, од кои 97 управувале возило со брзина поголема од пропишаната, 14 санкции за возачи кои управувале возило под дејство на алкохол (при алкотестирање кај еден возач биле измерени 3,02 промили алкохол), 7 за управување возило без возачка дозвола, 3 за нерегистрирано возило.

    На 09.04.2023 во 14.00 часот во Полициската станица Прилеп било пријавено дека на патниот правец Градско-Прилеп, пред мостот кај с.Тројаци, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „ауди“ со охридски регистарски ознаки, управувано од М.И.(27) од с.Горно Лакочереј, охридско и патничко возило „пежо“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од Д.М.(49) од с.Врбоец, крушевско. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле возачот Д.М., сопатникот од неговото возило Х.Н.(19) од с.Врбоец и сопатничка од возилото „ауди“, М.Д.(29) од Охрид, додека со телесни повреди се здобила М.И. и сопатниците од истото возило, Д.Ј.(32) од с.Требеништа и А.Б.(25) од с.Пештани, констатирани во Градската болница Прилеп. Извршен бил увид од увидна екипа од Полициската станица Прилеп.

    На 09.04.2023 во 14.30 часот во Полициската станица Аеродром, Ф.Т.(25) од Скопје пријавил дека на бул.„Јане Сандански“ бил каснат од куче скитник.

    На 09.04.2023 во 16.25 часот во ОВР Свети Николе било пријавено дека на регионалниот пат Свети Николе-Овче Поле, кај патот за „Лозарство“, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген голф“ со светиниколски регистарски ознаки, управувано од С.К.(42) од Свети Николе и патничко возило „фиат уно“ со штипски регистарски ознаки, управувано од 17 – годишник од Свети Николе. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетникот, а со телесни повреди се здобиле возачот С.К. и сопатниците од возилото „фиат уно“, Н.Т.(18) од с.Ерџелија и уште тројца малолетници, констатирани во Медицинскиот центар Штип. Извршен бил увид од увидна екипа од Полициската станица Свети Николе.

    На 09.04.2023 во 20.00 часот во Полициската станица Гази Баба, С.В.(49) од Скопје пријавил дека на ул.„Дончо Штипјанчето“ бил каснат од куче скитник.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img