More

    МВР – Извадок на дел од дневните настани 09 Март, 2023

    spot_img

    Денеска (09.03.2023) во 01.40 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода Е.И.(32) од Куманово. Тој бил затекнат при обид да одземе предмети од куќа на улицата „30 Јули“ во Куманово. Е.И. бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

    Денеска (09.03.2023) околу 01.30 часот на улица „Маршал Тито“ во Тетово, полициски службеници на СВР Тетово ги лишиле од слобода Л.М.(32), В.С.(37) и Д.М.(37), тројцата од Тетово, затоа што кај нив бил пронајден и одземен кокаин. Тие биле задржани во Полициската станица Тетово и по целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

    Денеска (09.03.2023) околу 03.45 часот на улица „Илинденска“ во Тетово, полициски службеници на СВР Тетово го лишиле од слобода 42-годишниот Д.А. од Челопек, затоа што кај него бил пронајден и одземен кокаин. По целосно документирање на случајот ќе биде изготвен соодветен поднесок.

    Денеска (09.03.2023) во 01.00 часот во угостителски објект на подрачјето на Центар, полициски службеници од Одделот за специјални полициски операции го лишиле од слобода И.Г.(38) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена бела прашкаста материја. По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.

    Денеска (09.03.2023) во 01.10 часот на подрачјето на Центар, полициски службеници од Одделот за специјални полициски операции го лишиле од слобода А.К.(37) од Република Србија, затоа што кај него била пронајдена и одземена бела прашкаста материја. По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.

    На 08.03.2023 околу 20.00 часот во гостиварски Добридол, полициски службеници на СВР Тетово – Одделение за внатрешни работи Гостивар го лишиле од слобода 19-годишниот О.Ј. од ова село, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. Тој бил задржан во Полициската станица Гостивар и по целосно расчистување и документирање на случајот ќе се следи соодветен поднесок.

    Во текот на вчерашниот ден (08.03.2023) Министерството за внатрешни работи спроведе акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 245 возачи. Од нив, 12 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а две возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа 157 возила ја пречекорилe брзината во населено место, а 88 надвор од населено место.

    Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (08.03.2023) продолжи со контролите во областа на сообраќајот. На територија на град Скопје изречени се вкупно 232 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 73 санкции, пет мерки за возење без возачка дозвола, пет санкции за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикли. Изречени се 10 мерки за користење мобилен телефон при возење, шест санкции за некористење сигурносен појас, три мерки за нерегистрирани возила…

    На 08.03.2023 во периодот од 16.00 до 22.00 часот спроведена е акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возила под дејство на алкохол на територијата на Република Северна Македонија, при што санкционирани се 47 возачи. Од нив 13 на територија на СВР Куманово, 10 на територија на СВР Битола…

    На 08.03.2023 на подрачјето на СВР Штип била спроведена акциска контрола на возачи кои управуваат возила со брзина поголема од пропишаната. За време на контролата биле констатирани 20 прекршоци, од кои 14 во населено место и 6 надвор од населено место. Санкционирани биле и 26 други видови на прекршоци, од кои 8 за управување возило без возачка дозвола, 5 за нерегистрирано возило, 1 за технички неисправно возило, 2 за возач почетник, 4 за управување возило под дејство на алкохол, 1 за некористење сигурносен појас, 1 за користење мобилен телефон, 1 за некористење заштитна кацига и 3 за непрописно паркирање.

    На 09.03.2023 околу 03.27 часот во СВР Куманово било пријавено дека на наплатна станица „Романовце“ на автопат Скопје – Куманово, патничко возило „фолксваген голф“  со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.Ф.(24) од Скопје, удрило во столб на наплатната станица, при што настанал пожар на возилото. Притоа, на местото починал возачот, а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош. Пожарот бил изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица Куманово и од вработени во наплатната станица. По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција, а увид на местото извршила екипа од СВР Куманово.

    На 08.03.2023 во 14.20 часот во Полициската станица Гази Баба, Е.М.(58) од Скопје пријавила дека ул.„Лазар Поп Трајков“ била касната од куче скитник.

    На 08.03.2023 во 14.00 во Полициското одделение Шуто Оризари, С.Ќ.(45) од Скопје пријавила дека на ул.„Хаџи Јован Шишков“ нејзината малолетна ќерка била касната од куче.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img