More

    МВР – Извадок на дел од дневните настани 06.09.2023

    spot_img

    На 05.09.2023 полициски службеници од СВР Скопје- Единица за недозволена трговија, по претходно добиени оперативни сознанија и наредба за претрес од Основен кривичен суд  Скопје, извршија  претрес во дом кај И.К. (31) во Волково, скопско. При претресот пронајдени се марихуана, дигитална вага и еден куршум. Лицето е лишено од слобода и задржано во полициска станица и против него, по документирање на настанот, ќе биде поднесена соодветна кривична пријава по брза постапка.

     На 05.09.2023 во 21.30 часот, полициски службеници од Одделението за криминалистички работи при ЕВР Гази Баба го лишиле од слобода Х.А.(29) од с.Средно Коњари, скопско. Тој се сомничи дека околу 18.00 часот во правно лице на подрачјето на Гази Баба извршил тешка кражба на дрзок начин, при што одзел пари. Во службен разговор, тој го признал делото, а поголем дел од одземеното било пронајдено и ќе биде вратено на сопственикот. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

     СВР Скопје – Полициска станица Аеродром поднесе кривична пријава против Т.С.(47) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „разбојништво“. Имено, по преземени мерки и активности во координација со Основното јавно обвинителство Скопје, утврдено е дека на 04.09.2023 со закана кон вработената одзел пари од продажен објект на подрачје на Аеродром. На 05.09.2023 во 04.30 часот на бул.„Јане Сандански“ во Скопје, полициски службеници од Полициската станица Аеродром го лишиле од слобода, по што било изведен пред судија на претходна постапка, кој му определил мерка притвор во траење од 30 дена.

     На 05.09.2023 во 07.00 часот во с.Бузалково, велешко, полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода М.С.(50) од с.Бузалково. При претрес во неговиот дом, извршен со наредба од Основен суд Велес, биле пронајдени и одземени револвер, 51 патрони за ловечка пушка, гасен пиштол и рамка за гасен пиштол. Лицето било приведено во полициска станица и за настанот бил известен јавен обвинител. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

     На 05.09.2023 во 07.10 часот во с.Бузалково, велешко, полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода Ј.Ј.(23) од с.Бузалково. При претрес во неговиот дом, извршен со наредба од Основен суд Велес, била пронајдена рамка за автоматска пушка. Лицето било приведено во полициска станица и за настанот бил известен јавен обвинител. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

     На 05.09.2023 во 21.00 часот во Скопје, на подрачје на Карпош, полициски службеници го лишиле од слобода Д.К.(32) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

     На 06.09.2023 на крстосницата од ул.„Борка Влачарот“ со ул.„Димо Наредникот“ во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп го лишиле од слобода Д.Ј.(31) од Прилеп затоа што кај него биле пронајдени и одземени марихуана и предмети со остатоци од марихуана. По документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.  На 05.09.2023 во 17.45 часот на улицата „Партизанска“ во Струга, полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога при ОВР Струга го лишиле од слобода М.С.(33) од Гостивар затоа што кај него била пронајдена и одземена ќеса со бела прашкаста материја. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

     На 05.09.2023 во 20.00 часот во Тетово, полициски службеници на СВР Тетово, со судска наредба, го привеле 47-годишниот А.Х. од тетовско Шемшово. Тој бил осуден на затворска казна за сторено кривично дело „затајување“. По приведувањето, тој бил спроведен во Казнено-поправната установа Затвор Тетово за издржување на казната.

     Во текот на вчерашниот ден (05.09.2023) Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 294 возачи. Од нив 13 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а едно возило се движело со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа 159 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 135 надвор од населено место.

     Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (05.09.2023) продолжи со контролите во областа на сообраќајот. На територија на град Скопје изречени се вкупно 169 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 41 санкција, 12 мерки за возење без возачка дозвола, 11 санкции за користење мобилен телефон при возење. Изречени се пет мерки за минување на затворен сигнал (црвено светло), четири санкции за некористење сигурносен појас, три мерки за непрописно престројување на возила…

     На 05.09.2023 во 17.00 часот во СВР Охрид било пријавено дека на улицата „Дејан Војвода“ во Охрид, патничко возило „рено меган“ со охридски регистарски ознаки, управуванo од Б.С.(26), удрил во Р.Т.(84), двајцата од Охрид. Притоа, Р.Т. се здобила со тешки телесни повреди констатирани во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид. Увид на местото на несреќата извршила екипа од СВР Охрид.

    На 05.09.2023 во 12.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосница од ул.„Петар Манџуков“ и сервисна улица што ја поврзува улицата со ул.„Александар Урдаревски“ во Скопје, патничко моторно возило „рено“ удрило во М.А.(26) од Скопје и го напуштило местото. По несреќата, М.А. бил пренесен во Градската општа болница „8 Септември“, каде му биле констатирани тешки телесни повреди. Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје.

     На 05.09.2023 во 19.35 часот во Полициската станица Кисела Вода, С.В.(67) од Скопје пријавил дека на ул.„1520“ во Скопје бил каснат од куче скитник.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img