Денеска (05.12.2024) во 01.10 часот во Скопје, на подрачјето на Бит Пазар, по претходно добиени оперативни информации и координација на СВР Куманово со Одделот за криминалистичка полиција при Бирото за јавна безбедност и СВР Скопје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Ф.А.(35) од Куманово. Тој се сомничи дека на 02.12.2024 во Куманово опожарил три патнички моторни возила и еден деловен објект. Ф.А. бил приведен и задржан во Полициска станица Куманово и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.
На 04.12.2024, полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје, по претходно добиена судска наредба од Основен кривичен суд Скопје, извршиле претрес во домот на М.С.(19) од Скопје, на подрачјето на Гази Баба. При претресот е пронајдена и одземена марихуана. М.С. е лишен од слобода и против него ќе биде поднесена кривична пријава по член 215 од Кривичниот законик.
На 04.12.2024, полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје, по претходно добиена судска наредба од Основен кривичен суд Скопје, извршиле претрес во домот на А.Т.(39) од Скопје, на подрачјето на Гази Баба. При претресот е пронајден и одземен хероин. А.Т. е лишен од слобода и против него ќе биде поднесена кривична пријава по член 215 од Кривичниот законик.
На 05.12.2024 во 00.10 часот во угостителски објект во Гостивар, полициски службеници од ОВР Гостивар ги лишиле од слобода сопственикот на објектот Б.З.(20), вработениот А.С.(20) и Р.Д.(20), тројцата од Гостивар. При претрес во објектот, извршен со судска наредба, кај тројцата биле пронајдени и одземени марихуана и други предмети за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривично дело. Тие се задржани во полициска станица за понатамошна постапка и по целосно документирање на случајот, против нив ќе следува соодветна пријава.
На 04.12.2024 во 00.40 часот во Скопје, на подрачјето на Кисела Вода, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода М.П.(23) од Скопје затоа што кај него биле пронајдени и одземени марихуана и дигитална вага. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 04.12.2024 во 23.50 часот во Скопје, на подрачјето на Карпош, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Р.Е.(31) од с.Крушопек, општина Сарај, затоа што во негова близина биле пронајдени и одземени марихуана, дробилка со остатоци од марихуана и ризли. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 04.12.2024 во 21.00 часот во Скопје, на подрачјето на Бит Пазар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Р.М.(43) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 04.12.2024 во 13.30 часот во Скопје, на подрачјето на Центар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода А.Т.(42) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 04.12.2024 во 17.00 часот во Скопје, на подрачјето на Бит Пазар, полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје ги привеле А.С.(21), И.Н.(21), двајцата од с.Иловица, струмичко и М.М.(21) од с.Босилово, струмичко, затоа што кај нив биле пронајдени и одземени пиротехнички средства. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 04.12.2024 во 22.20 часот на улица „ЈНА“ во Гостивар, полициски службеници од ОВР Гостивар го лишиле од слобода О.М.(24) од Гостивар затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. Тој е задржан во полициска станица за понатамошна постапка и против него ќе следува соодветен поднесок.
На 04.12.2024 во 10.50 часот, полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога при СВР Велес го лишиле од слобода М.Ѓ.(30) од Велес затоа што кај него биле пронајдени и одземени зелена растителна материја и бела грутчеста материја. М.Ѓ. бил приведен во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 04.12.2024 во 17.25 часот во СВР Струмица било пријавено дека на регионалниот пат во с.Баница, струмичко, патничко возило „фолксваген пасат“ со струмички регистарски ознаки, управувано од В.С.(38) од с.Баница, струмичко, удрило во четири малолетни лица од с.Баница, кои во моментот туркале патничко возило „фолксваген пасат“ со струмички регистарски ознаки, управувано од М.М.(46) од с.Баница, а потоа удрило во бетонски ѕид. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле две малолетнички, а со телесни повреди се здобил возачот В.С., констатирани во Медицинскиот центар Струмица. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Струмица.
На 04.12.2024 во 07.58 часот во Полициската станица Ресен било пријавено дека на магистралниот пат Ресен–Битола, кај место викано ,,Сопотски ливади“, патничко возило „опел корса“ со ресенски регистарски ознаки, управувано од А.К.(28) од Ресен удрило во метална заштитна ограда. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила А.К., констатирани во Клиничката болница Битола. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Ресен.
На 04.12.2024 во 21.30 часот во Полициската станица Прилеп било пријавено дека на ул.„Александар Македонски“ во Прилеп, патничко возило „форд“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од М.С.(29) од Прилеп излетало надвор од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила М.С., додека со телесни повреди се здобил нејзиниот сопатник П.Ш.(24) од Прилеп, констатирани во Општата болница Прилеп. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Прилеп.
На 04.12.2024 во 10.20 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Александар Урдаревски“ и сервисна улица кон с.Кучевиште, скопско, патничко возило „бмв“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од Р.Т.(24) од Тетово, удрило во велосипед, управуван од Н.П.(68) од с.Кучевиште, скопско. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил велосипедистот, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“. За настанот бил известен јавен обвинител. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.
На 04.12.2024 околу 21.20 часот во СВР Тетово било пријавено дека на регионалниот пат с.Јажинце – Тетово, во с.Доброште, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген поло“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Ф.А.(23) од с.Глоѓи, тетовско и патничко возило „форд ка“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од Ш.И.(21) од с.Слатино, тетовско. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот Ш.И., додека со телесни повреди се здобиле Ф.А. и сопатникот во нејзиното возило М.А.(53), констатирани во Клиничка болница во Тетово. Увид на местото извршила екипа од СВР Тетово.
По преземени мерки и активности, на 04.12.2024 полициски службеници од ОВР Неготино го пронашле Д.С.(55) од с.Пепелиште, неготинско. Со него бил извршен службен разговор во полициска станица поради сомнение дека на 03.12.2024 околу 17.30 часот на регионалниот пат село Пепелиште – Неготино, на место викано „Лака“, со товарно возило „цитроен џампер“ со неготински регистарски ознаки, кое го управувал, удрил во 75 – годишната А.А. од село Пепелиште и го напуштил местото. Од здобиените повреди А.А. починала, а лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт. Увид на местото на несреќата извршил јавен обвинител во содејство со увидна еки од ОВР Неготино.
На 04.12.2024 во 10.15 часот во Полициската станица Кисела Вода, С.Г.(22) од Скопје пријавил дека на бул.„Борис Трајковски“ во Скопје бил каснат од куче скитник.
На 04.12.2024 во 09.30 часот во Полициската станица Центар, Т.М.(19) од Скопје пријавила дека во кругот на Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје била касната од куче скитник.