More

    МВР – Извадок на дел од дневните настани, 04 Јули, 2024

    spot_img

    На 03.07.2024 година во 18.00 часот во Тетово полициски службеници од СВР Тетово, врз основа на судска наредба, го привеле В.С.(28) од тетовска Стримница. Тој бил баран со централна потерница за издржување на казна затвор во времетраење од две години за сторено кривично дело „нелегално производство и пуштање во промет на наркотични средства, психотропни супстанции и прекурзори“, казниво по член 215 ст.1 од Кривичниот законик. В.С. е  предаден во Казнено-поправна установа Затвор Тетово за издржување на затворската казна.

    На 03.07.2024 во 21.00 часот во Штип, полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија на дрога и оружје при СВР Штип ги лишиле од слобода А.П.(36) и К.П.(32), двајцата од Штип, поради тоа што при претрес во нивниот дом, извршен со судска наредба, била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

     На 03.07.2024 во 23.50 часот полициски службеници од СВР Тетово во тетовски Порој го привеле А.К.(38) од истото село, кој бил затекнат при обид да изврши кривично дело тешка кражба. Тој е задржан во полициска станица за понатамошна постапка и по документирање на случајот против него ќе следува соодветен поднесок.

     На 03.07.2024 во 15.45 часот во Кочани полициски службеници од Полициската станица Кочани го привеле Д.С.(19) од Кочани, поради тоа што при претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

     На 03.07.2024 во 22.00 часот во Скопје, на место викано „Марково крувче“, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје ја лишиле од слобода М.З.(39) од Скопје, затоа што кај неа била пронајдена и одземена прашкаста материја. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

     Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (03.07.2024) продолжи со контролите во областа на сообраќајот. На територија на град Скопје изречени се вкупно 117 мерки, меѓу кои за возење без возачка дозвола 10 санкции, осум мерки за користење на мобилен телефон при управување возило, десет мерки за некористење на сигурносен појас, шест санкции за минување на затворен сигнал – црвено светло. Изречени се шест санкции за прекршоци што ги чинат возачи на мотоцикли, четири мерки за возачи почетници…

    На 03.07.2024 во 16.40 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосницата од  ул.„1“ и ул.„3“ во с.Сарај, скопско, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген“, управувано од М.А.(50) и мопед управуван од Е.Ј.(22), двајцата од с.Сарај, а двете возила со скопски регистарски ознаки. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на мопедот, констатирани во Градската општа болница „8 Септември“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

    На 03.07.2024 во 07.15 часот во СВР Скопје било пријавено дека на велосипедска патека на подрачјето на општина Аеродром во Скопје, О.К. (50) од Скопје, која управувала електричен тротинет, паднала и се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

     На 03.07.2024 во 12.15  часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Лука Геров“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген голф“ со тетовски регистарски ознаки, управувано Х.Г.(30) од Тетово и патничко возило „хјундаи“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Љ.П.(57) од Скопје. Во несреќата Х.Г. се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во Градската општа болница „8 Септември“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

     На 03.07.2024 во 12.47 часот во Полициската станица Кочани било пријавено дека во Кочани, на крстосница со кружен тек, М.П.(52) од Виница, кој управувал мопед „пежо“ со кочански регистарски ознаки, изгубил контрола и паднал на коловозот. Во несреќата М.П. се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Клиничка болница Штип. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Кочани.

     На 03.07.2024 во 16.00 часот во СВР Велес Д.Д.(38) од Велес пријавил дека на место викано „Вршник“ во Велес бил каснат од куче скитник.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img