More

    МВР – Извадок на дел од дневните настани 03 јули, 2023

    spot_img

    Во текот на изминатиот викенд (01/02.06.2023) полициски службеници од Секторот за недозволен трговија со дрога, оружје и опасни материи при Одделoт за криминалистичка полиција во координација и заедничка акција со Секторот за внатрешни работи Струмица и Единицата за недозволена трговија со дрога при СВР Скопје презедоа засилени мерки за време на одржувањето на музичка манифестација во Стар Дојран, со цел откривање на кривични дела и прекршоци од областа на недозволената трговија со дрога. Притоа, биле лишени од слобода 20 лица, од кои 1 грчки државјанин, кај кои при преглед била пронајдена разновидна дрога. За случаите е известен Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија и по нивно целосно документирање ќе бидат поднесени соодветни пријави.

    На 30.06.2023 во 03.30 часот на подрачјето на Кисела Вода од полициски службеници од Единицата за интервентна полиција и Единицата за внатрешни работи – ОКР Кисела Вода при СВР Скопје биле лишени од слобода тројца малолетници од Скопје. Тие биле затекнати при обид да извршат кражба од патничко моторно возило „фиат“ со скопски регистарски ознаки. Притоа, тие биле со мотоцикл „априлија“ со скопски регистарски ознаки на кој превезувале предмети одземени на 29/30.06.2023 од други четири патнички возила, со што биле расчистени пет кривични дела „тешка кражба“, од кои едното во обид. Во присуство на родители извршени се разговори со малолетниците кои го појасниле начинот на кој ги сториле кривичните дела. Одземените предмети се вратени на сопствениците. За случајот е известен Јавен обвинител и по негово целосно документирање ќе биде поднесен соодветен поднесок.

    На 02.07.2023 во 21.50 часот на подрачјето на Аеродром, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје лишиле од слобода малолетник од Скопје, бидејќи кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.

    Ноќеска (03.07.2023) четириесетина минути по полноќ, на улица „Илинденска“ во Тетово, полициски службеници на СВР Тетово го лишиле од слобода 33-годишниот тетовец А.Б., затоа што кај него бил пронајден и одземен кокаин. Тој е задржан во Полициската станица Тетово и по целосно документирање на случајот ќе му биде изготвен соодветен поднесок.

    На 02.07.2023 во 12.30 часот на подрачјето на Карпош, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода О.П.(33) од Скопје, бидејќи кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.

     

    На 02.07.2023 во 21.40 часот на подрачјето на Гази Баба, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Ф.И.(30) од Скопје, бидејќи кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.

    На 02.07.2023 од страна на полициски службеници од Полициска станица за Граничен премин и Граничен надзор Богородица, од слобода биле лишени Д.Т.(30) и В.Т.(54), двајцата од Гевгелија. Имено, тие околу 09.10 часот биле забележани од полициските службеници како на четири кинески и еден индиски државјанин им помагаат при обид нелегално да ја преминат границата за влез во Р.Грција. Двете лица се приведени во полициска станица и за случајот е известен јавен обвинител од ОЈО за гонење на организиран криминал и корупција, а по негово целосно документирање ќе биде поднесен соодветен поднесок. Лицата мигранти биле предадени во Полициска станица за Граничен надзор Богородица за понатамошна постапка.

    На 02.07.2023 околу 15.50 часот полициски службеници од Полициска станица Радовиш во близина на с.Дукатино, струмичко, го лишиле од слобода Е.М.(24) од Виница. Тој бил затекнат како управува патничко моторно возило „ауди“ со скопски регистарски ознаки, кое било запрено од страна на полициски службеници, а во него се превезувале седум илегални мигранти. Е.М. бил приведен, со него бил извршен службен разговор и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

    Во текот на вчерашниот ден (02.07.2023) Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 764 возачи. Од нив 29 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а две возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа 402 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 362 надвор од населено место.

    Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (02.07.2023) продолжи со контролите во областа на сообраќајот. На територија на град Скопје изречени се вкупно 216 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 138 санкции, 12 мерки за возење без возачка дозвола, 10 санкции за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл. Изречени се 10 мерки за возење под дејство на алкохол, три санкции за минување на затворен сигнал (црвено светло)…

    На 02.07.2023 во 13.10 часот било пријавено дека во Скопје на ул.„Борис Сарафов“ се случила сообраќајна несреќа помеѓу мотоцикл, управуван од О.Д.(20) од с.Бојане и патничко возило „пежо 308“, управувано од С.Ј.(26) од Скопје, двете со скопски регистарски ознаки. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

    Вчера (02.07.2023) во периодот од 16.00 до 22.00 часот на територијата на СВР Битола спроведена e засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваaт возило со брзина поголема од пропишаната, при што санкционирани се 77 возачи. Од нив, 51 возач ја пречекорил брзината во населено место, а 26 надвор од населено место. На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци.

    На 02.07.2023 во 13.00 часот било пријавено дека на крстосницата од ул.„Борка Талески“ и ул.„Кеј 9 Септември“ во Прилеп се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „опел“, управувано од Ф.Ј.(33) од Прилеп и патничко возило „голф“, управувано од М.З.(26) од Прилеп, двете со прилепски регистарски ознаки. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот во возилото „опел“, З.М.(33), додека со телесни повреди се здобил возачот на возилото „голф“, М.З., констатирани во Градската болница Прилеп. Увид на местото извршила увидна екипа на ОВР Прилеп.

    На 02.07.2023 во периодот од 16.00 до 22.00 часот на подрачје на Секторот за внатрешни работи Струмица била спроведена контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возила со брзина поголема од дозволената. Притоа, биле констатирани 68 прекршувања на брзината, од кои 24 на подрачје на Струмица, 18 на подрачје на Валандово, 11 на подрачје на Радовиш и 5 на подрачје на Гевгелија. Сите констатирани прекршоци биле соодветно санкционирани.

    Полициски службеници на СВР Тетово на 02.07.2023 од 16.00 до 22.00 часот спровеле акциска контрола за брзина со која се движат возилата, а во која биле откриени и санкционирани 54 пречекорувања на максимално дозволената брзина надвор од населено место (ТЕ-23 и ГВ-31), од кои 3 (ТЕ) за 50 до 70 километри на час повеќе од пропишаното. Покрај ова, со изготвување на законски предвидените поднесоци заокружени се и 34 пречекорувања (ТЕ) во населено место, од кои 1 возач се движел со брзина за 50 километри повеќе од дозволената, а санкциониран, исто така, бил и 1 (ТЕ) друг вид сообраќаен прекршок.

    На 02.07.2023 година во 18.20 часот, во СВР Охрид е пријавено дека на улицата „АРМ“ во Охрид, куче домашен миленик, сопственост на Ј.К.(45) од Охрид, каснал две малолетни лица од Скопје. За случајот е известен Јавен обвинител и по негово целосно документирање против сопственикот ќе биде поднесена соодветна пријава.

    На 03.07.2023 во 00.25 часот во Полициската станица Драчево, М.Р.(38) од с.Долно Коњари, пријавил дека на ул.„Иван Хаџи Николов“ бил каснат од куче скитник.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img