На 25.09.2023 во 10.00 часот во Струмица, полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Струмица ги лишиле од слобода Г.П.(41) од Струмица и И.Ц.(39) од село Куклиш, струмичко. Тие се сомничат дека ноќта на 23.09.2023 извршиле „тешка кражба“ во објект на улица „Климент Охридски“ во Струмица. Притоа, кај нив биле пронајдени предмети кои ги одзеле при вршење на кривичното дело. Лицата биле задржани во Полициската станица Струмица, за случајот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица, а по неговото документирање против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.
Денеска (26.09.2023) околу 02.00 часот на патот од с.Бигор Доленци, кичевско, кон населба Бичинци во Кичево, полициски службеници од Мобилната единица за компензаторни мерки при одделот за гранични работи и миграции во Бирото за јавна безбедност го лишиле од слобода С.А.(25) од Кичево. При преглед во возилото „опел астра“ со охридски регистарски ознаки, кое го управувал, биле пронајдени огревни дрва за кои не поседувал документација. Возилото било одземено за понатамошна постапка, а лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 25.09.2023 во 16.30 часот на подрачјето на Аеродром, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Х.С.(18) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 25.09.2023 околу 18.00 часот на магистралниот пат Кичево – Охрид, полициски службеници од Полициската станица Кичево го лишиле од слобода П.С.(31) од Охрид, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 25.09.2023 во 13.35 часот, полициски службеници на СВР Тетово го лишиле од слобода 22-годишниот Ј.М. од тетовско Сараќино, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. Тој бил задржан во Полициската станица Тетово и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен поднесок.
На 25.09.2023 околу 12.30 часот на улица „Душко Поповиќ“ во Гостивар, полициски службеници на СВР Тетово – Одделение за внатрешни работи Гостивар, со судска наредба ја привеле 39-годишната гостиварка Е.Ј. за издржување на мерка притвор. Таа била спроведена во Казнено-поправната установа Затвор Скопје за издржување на мерката.
На 26.09.2023 во 01.40 часот на Граничниот премин Долно Блаце, полициски службеници го лишиле Ц.Р.(43) од Косово, затоа што го нарушил јавниот ред и мир, со агресивно однесување. Тој бил предаден на полициски службеници од Полициската станица Чаир за понатамошна постапка и по целосно документирање на случајот против него ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.
Во текот на вчерашниот ден (25.09.2023) Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 171 возач. Од нив девет возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а три возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 95 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 76 надвор од населено место.
На 25.09.2023 на подрачјето на СВР Штип била спроведена акциска контрола на возачи кои управуваат возила со брзина поголема од пропишаната. За време на контролата биле констатирани 15 прекршоци, од кои 10 во населено место и 5 надвор од населено место. Санкционирани биле и 32 други видови на прекршоци, од кои 7 за управување возило без возачка дозвола, 2 за возач почетник, 1 за технички неисправно возило, 2 за нерегистрирано возило, 1 за управување возило под дејство на алкохол, 1 за непрописно престигнување, 5 за некористење сигурносен појас, 12 за непрописно паркирање и 1 за непрописно вградени фолии.
На 25.09.2023 во периодот од 08.00 до 12.00 часот, полициски службеници на СВР Тетово спроведоа акциска контрола за поголем сообраќаен ред и безбедност на патиштата во поширокиот Полошки регион. При контролата биле откриени и санкционирани вкупно 11 недостатоци на возилата (ТЕ-7 и ГВ-4). Пет возила (ТЕ-2 и ГВ-3) имале неисправни сопирачки, 3 возила (ТЕ) биле со неатестирани фолии, 1 (ГВ) со неисправни системи, 1 (ТЕ) со вградени светлосни уреди и 1 (ТЕ) со истечена сообраќајна дозвола. Сите неисправни возила исклучени се од сообраќај и изготвени им се поднесоци со парична глоба од 400 евра во денарска противвредност. При контролата санкционирани се и 2 лица (ТЕ) кои ги управувале возилата без потребните возачки дозволи и 1 (ГВ) кое не се јавило на технички преглед. Санкционирани биле и 6 други видови сообраќајни прекршоци (ТЕ-4 и ГВ-2).
На 25.09.2023 во 19.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосница од ул.„Македонско косовска бригада“ и ул.„Втора македонска бригада“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „даеву матиз“, управувано од М.Б.(66) од Скопје и патничко возило „бмв“, управувано од М.С.(18) од с.Сарај, двете со скопски регистарски ознаки. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле возачот М.Б. и неговата сопатничка К.Б.(64) од Скопје, а со телесни повреди се здобиле М.С. и нејзината сопатничка К.С.(47) од Скопје, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ и Градската општа болница „Св.Наум Охридски“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.
На 25.09.2023 во 18.15 часот во Полициската станица Кисела Вода, Ш.А.(54) од Скопје пријавил дека на ул.„Христо Татарчев“ во Скопје бил каснат од куче скитник.
На 25.09.2023 во 19.55 часот во Полициската станица Дебар било пријавено дека на ул.„100“ во Дебар, патничко возило „пежо“ со дебарски регистарски ознаки, управувано од Љ.Р.(40), удрило во пешакот А.Б.(88), двајцата од Дебар. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо“ во Охрид. Извршен бил увид од увидна екипа од Полициската станица Дебар.
На 25.09.2023 во 09.00 часот во Полициската станица Центар, И.К.(32) од Охрид пријавил дека на кеј „Димитар Влахов“ во Скопје бил каснат од куче скитник.
На 25.09.2023 во 14.00 часот во ОВР Кичево било пријавено дека на крстосница од ул.„Рудничка“ и ул.„4 Јули“ во Кичево се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „ауди“ со кичевски регистарски ознаки, управувано од В.П.(60) од с.Тајмиште, кичевско и мотоцикл управуван од А.А.(45) од Кичево. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Медицински центар Кичево. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Кичево.
На 25.09.2023 во 20.00 часот во Полициската станица Аеродром, К.К.(23) од Скопје пријавила дека на ул.„Владимир Комаров“ била касната од куче скитник.