На 24.10.2023 година во 22.00 часот во Радовиш полициски службеници од Одделението за внатрешни работи Радовиш ги лишиле од слобода С.С. (26) и С.В. (26) и двајцата од Радовиш. При преглед на патничкото возило „алфа ромео“ со радовишки регистерски ознаки, управувано од С.С., во кое сопатник бил С.В., била пронајдена марихуана, а марихуана била пронајдена и при преглед на С.С. Во службениот разговор во Полициската станица Радовиш С.С. признал дека поседува марихуана и во неговиот дом, по што ја предал на полициските службеници. За настанот бил запознаен Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Радовиш, а по целосно документирање на случаите против лицата ќе бидат поднесени соодветни пријави.
Денеска (25.10.2023) во 00.15 часот на Плоштад Македонија, полициски службеници го лишиле од слобода И.И.(32) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена бела прашкаста материја. По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.
Полициски службеници на СВР Тетово ноќеска (25.10.2023) околу 03.10 часот на наплатна станица Тетово, ги лишиле од слобода Р.К.(38) од Скопје и О.А.(18) од Кочани, кои претходно во Гостивар извршиле тешка кражба на патничко возило „опел астра“ со гостиварски регистарски ознаки, сопственост на 43-годишниот И.И. од гостиварски Градец. Возилото било паркирано на улица „Кеј братство единство“, со клучевите во брава. Двајцата се задржани во Полициската станица Гостивар за расчистување и документирање на случајот, по што ќе им бидат изготвени поднесоци, а возилото денеска ќе му биде вратено на неговиот сопственик.
Вчеравечер (24.10.2023) околу 21.00 часот, во тетовско Радиовце, полициски службеници на СВР Тетово ги лишиле од слобода В.П.(34) и Н.Г.(42) од ова село. При преглед на патничко возило „мерцедес“ со тетовски регистарски ознаки, во возилото биле пронајдени две ловечки пушки и вкупно 9 куршуми. За една од пушките, В.П. не ги поседувал потребните документи. Двајцата се задржани во полициска станица за расчистување и документирање на случајот и против нив ќе следуваат соодветни поднесоци.
Во текот на вчерашниот ден (24.10.2023) Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 246 возачи. Од нив 10 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното. Притоа, 126 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 120 надвор од населено место
Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (24.10.2023) продолжи со контролите во областа на сообраќајот. На територија на град Скопје изречени се вкупно 167 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 30 санкции, девет мерки за возење без возачка дозвола, три санкции за возење под дејство на алкохол. Изречени се три мерки за користење мобилен телефон при возење, седум санкции за непрописно престројување на возила, три мерки за минување на затворен сигнал (црвено светло)…
На 24.10.2023 на подрачјето на СВР Штип била спроведена акциска контрола на возачи кои управуваат возила со брзина поголема од пропишаната. За време на контролата биле констатирани 17 прекршоци од кои 11 надвор од населено место и 6 во населено место. Санкционирани биле и 12 други видови на прекршоци, од кои 2 за управување возило без возачка дозвола, 1 за нерегистрирано возило, 2 за возач почетник, 1 за управување возило под дејство на алкохол, 1 за некористење сигурносен појас и 5 за непрописно паркирање.
На 24.10.2023 во 13.30 часот било пријавено дека на бул.„Кочо Рацин“ во Скопје автобус на ЈСП управуван од Б.Т.(50) од Скопје за да избегне сообраќајна незгода нагло запрел, при што во автобусот паднала патничката У.А.(46) од Скопје. Таа се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје
На 24.10.2023 во 14.50 часот во Полициската станица Карпош В.С.(53) од Скопје пријавил дека на бул.„Никола Карев“ бил каснат од куче скитник.
На 24.10.2023 во 10.45 часот во СВР Охрид, Д.Х.П.А.(64) од Франција, со престој во селото Пештани, пријави дека на локален пат во селото бил каснат од куче скитник.