More

    МВР – Извадок на дел од дневни настани 24 Март, 2023

    spot_img

    На 23.03.2023 во 15.50 часот, полициски службеници од криминалистичката полиција – Отсек за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Охрид, со наредба од Основен суд Охрид, извршиле претрес во дом и други помошни простории на А.М.(51) од Охрид. При претресот била пронајдена и одземена муниција, која неовластено ја поседувал. Со лицето бил извршен службен разговор во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

    На 23.03.2023 во Битола, полициски службеници од СВР Битола, врз основа на судска наредба, го лишиле од слобода А.А.(35) од Битола за издржување затворска казна. Лицето било спроведено во Казнено-поправната установа Затвор Битола за издржување на казната.

    На 23.03.2023 на автобуска постојка на бул.„Кузман Јосифовски Питу“, полициски службеници од Одделението за криминалистичката полиција при ЕВР Центар и Бит Пазар го лишиле од слобода Р.А.(43) од Скопје. Тој бил фатен при извршување џебна кражба, при што од јакната на В.Л.(76) од Чучер Сандево, скопско, одзел мобилен телефон. Исто така, тој бил баран и поради сомнение за извршени уште две џебни кражби на подрачјето на Скопје. Лицето било задржано во полициска станица и со него бил извршен службен разговор. По целосно документирање на случаите против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

    На 23.03.20223 околу 09.00 часот, полициски службеници од Полициската станица Штип ја лишиле од слобода С.Ш.(56) од Штип, поради сомнение дека во менувачница во Штип се обидела да размени фалсификувана банкнота од 100 евра. Банкнотата била одземена за понатамошна постапка. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

    На 23.03.2023 во 19.45 часот на подрачје на Карпош, полициски службеници од СВР Скопје ги лишиле од слобода Д.Д.(37) од Свети Николе и А.Р.(31) од Скопје, затоа што кај Д.Д. била пронајдена и одземена прашкаста материја. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

    На 23.03.2023 во 21.30 часот на подрачје на Гази Баба, полициски службеници го лишиле од слобода А.Б.(28) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

    На 24.03.2023 во 00.30 часот на подрачје на Кисела Вода, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода С.А.(19) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

    На 23.03.2023 во 13.40 во СВР Битола, Б.И.(30) од с.Канатларци, прилепско, пријавил дека при изведување на градежни работи во неговиот двор во с.Канатларци пронашол 50 рачни бомби од италијанско производство кои потекнувале од Првата светска војна. Од овластено лице од Дирекцијата за заштита и спасување бомбите биле подигнати бомбите.

    Во текот на вчерашниот ден (23.03.2023) Министерството за внатрешни работи спроведе акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 246 возачи. Од нив девет возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а четири возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 114 возила ја пречекорилe брзината во населено место, а 132 надвор од населено место.

    Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (23.03.2023) продолжи со контролите во областа на сообраќајот. На територија на град Скопје изречени се вкупно 178 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 49 санкции, 13 мерки за возење без возачка дозвола, три санкции за технички неисправни возила во јавниот превоз. Изречени се шест мерки за користење мобилен телефон при возење, 13 санкции за непрописно престројување на возила, шест мерки за вградени неатестирани фолии (затемнети стакла), три санкции за недавање првенство на минување на пешаци…

    На 23.03.2023 на подрачјето на СВР Штип била спроведена акциска контрола на возачи кои управуваат возила со брзина поголема од пропишаната. За време на контролата биле констатирани 15 прекршоци, од кои 11 во населено место и 4 надвор од населено место. Санкционирани биле и 25 други видови на прекршоци, од кои 11 за управување возило без возачка дозвола, 2 за нерегистрирано возило, 1 за возач почетник, 3 за непочитување првенство на минување, 4 за некористење сигурносен појас, 2 за користење мобилен телефон и 2 за непрописно паркирање.

    На 23.03.2023 во периодот од 07.00 до 12.00 часот на поширокото полошко подрачје спроведена е сообраќајна акциска контрола за прекршоци што ги чинат возачите во зона на крстосници, во која вкупно се откриени и санкционирани 37 вакви прекршоци (ТЕ-35 и ГВ-2). Најголемиот број од нив (13) биле за непочитување на светлосна сигнализација на крстосници (ТЕ), 10 (ТЕ) за престигнување пред крстосница, 4 за недавање предност на минување (ТЕ-2 и ГВ-2) итн. Санкционирани, исто така, се и 19 други видови (ТЕ-13 и ГВ-6).
    На 23.03.2023 во Полициската станица Прилеп било пријавено дека на крстосница од ул.„Прилепски бранители“ со ул.„Партизанска“ се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „опел“, управувано од О.И.(68) од Прилеп и мотоцикл „кавасаки“, управуван од А.К.(37) од Прилеп, и двете со прилепски регистарски ознаки. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на мотоциклот констатирани во Општа болница Прилеп. Увид извршила увидна екипа на ОВР Прилеп.

    На 23.03.2023 околу 15.20 часот во СВР Велес било пријавено дека на автопатот А1 во правец Велес-Градско, патничко возило „пежо“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Б.Д.(36) од Скопје, излетало од патот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот Б.Д., констатирани во Општата болница Велес. По овластување на јавен обвинител увид извршила увидна екипа од СВР Велес.

    На 23.03.2023 во ОВР Неготино, Ј.М.(38) од неготинско село пријавила дека на ул.„Киро Крстев“ во Неготино била касната од куче скитник.

    На 23.03.2023 во 12.50 часот во СВР Тетово, А.М.(41) од Тетово пријавил дека на улица „Илинденска“ бил каснат од куче скитник.

    На 23.03.2023 во 09.40 часот, Л.С.(42) од тетовско Горно Седларце во СВР Тетово пријавил дека покрај магистралниот пат Гостивар-Кичево, каде извршувал работни задачи, бил каснат од куче скитник.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img